• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Зоран Заев како пазарџија на пазар се обидува со сите “мурафети” да ја продаде “својата роба”

февруари 16th, 2020 Македонија коментари 665

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Зоран Заев како пазарџија на пазар се обидува со сите “мурафети” да ја продаде “својата роба”

Кога последен пат сте биле на пазар? Некој од тие несоодветно уредените, под ведро небо каде граѓаните -консументи одат да купат прехрамбени намирници за себе и своите семејства? Прехрамбени продукти наберени од испуканите раце на Македонскиот земјоделец, а многу често продавани од брзите раце на Македонскиот прекупец.

Кога последен пат сте отишле на тезга да се ценкате за намалување на цената на боранијата, кромидот, лукот…? Дали вака се ценкате и кога идете во маркет да купите слични намирници?

Кога последен пат сте забележале дека цената по која Ви ги нудат земјоделските производи трговците на тезга Ви се премногу скапи?

И кога последен пат сте слушнале дека на производителот на земјоделски производи му е таман цената по која го произведува и продава својот производ?

И наспроти константната загуба, повторно и повторно, секоја година Македонскиот земјоделец ги ора нивите, го собира родот и се обидува да го прехрани семејството ….

Овие парадокси на Македонското земјоделие се веројатно неможни за решавање и од најголемите светски умови и аналитичари.

Во Македонија, во 2020 година ваквата вештина за обезвреднување на вистинската цена на земјоделските производи што е присутна единствено на тезга на пазар, претставува сликовита метафора за политичките случувања кои го дефинираат животот на сите граѓани во државата.

За секое прашање во политичките кулоари на власта важи принципот “На ти го, дај ми го”, кој што комбиниран со другиот принцип “Што не може со пари, ќе може со многу пари” ја претвори Македонската политичка сцена во најперверзна тезга на зелен пазар што некогаш постоела под ова небо. Оваа тезга со актуелната гарнитура на власт во нормални држави на други места се нарекува “Парламент” а кај нас едноставно “Кула- Вавилонска”. И само кај нас од целото балканско опкружување оваа кула нема свое дно, па така штом човек ќе помисли дека стапнал на нешто што наликува на под, се појавува нова дупка која проголтува “се живо и диво”.

За да биде перверзијата врвна а нашиот Македонски пример како по правило најекстремен во своето постоење, трговците на таа вавилонска тезга, тргуваат со работи кои што никогаш не им припаѓале.

Во некогашен Вавилон “дамите во црвено” барем тргувале со нешто што било нивно- нивните тела, а овде во современиот Македонски Вавилон политичките пртетставници тргуваат со нешта што не им припаѓаат.

Политичката демагогија и историјата на лажни неисполнети ветувања има свои корења во секое демократско општество, чиј што развој и прогрес се темели во огромна мера на способноста на граѓаните пред време да ги препознаат ваквите појави. Управувањето со парите и ресурсите на државата во вид на современ парламентаризам во развиениот свет е дефинирано низ законски-пропишани процедури преку кои се настојува да се обезбеди интересот на граѓаните.

Мо овде во Македонија, во услови на хибриден режим како што беа оквалификувани приликите од угледни светски институции, управувањето со парите и ресурсите на државата е подредено на политичките интереси за моќ, контрола и влијание на Зоран Заев и неколкумина политички и финансиски моќници собрани околу него во формаа на злосторничко здружување со сопствени лукративни агенди за нивно идно политичко профилирање.

Како поинаку да се протолкува изминатата недела во која на тезгата на Македонскиот- вавилонски пазар наречен “Собрание” се појавија (по втор пат) ГМО продавачи на ветар и магла со намера за профит единствено за сопствен личен интерес во предвечерието на затварањето на самата пазарна сезона?

Лицитацијата со несреќата на Македонскиот народ денеска стигна и дотаму што истата беше два пати едно по друго продавана. Главниот аргат на тезгата, седејки на највисокото столче денеска двапати го продаде својот бајат производ само за неколку секунди, пред очите на целокупната македонска и светска јавност и никому-ништо.

Македонскиот скромен правен систем а впрочем и било кој друг нормален правен систем не познава категорија на “Поништување на гласање” на пратениците за само неколку мигови потоа да се гласа повторно за истата одлука во собрание…

Што да се каже а да биде во рамки на здравиот разум?

Ова тезгарење на највулгарен начин што се случува пред очите на сите си има своја цена, која на крајот пак ќе ја платат граѓаните. Наемниците кои располагаат со оваа тезга многу бргу ќе ги снема од видик. Заедно со прибраните пари од продажбата на Македонската несреќа во изминатите години.

И повторно долги години по ваквото “тезгарење” Македонскиот народ ќе трпи во немаштија и егзистенцијални проблеми. Зборувам за скромниот, кроткиот народ кој нема никакви допирни точки со актуелната политичка елита во државата кои крпат крај со крај секој Божји ден под ова парче небо. Апатијата која се обидуваат да ја наметнат актуелните власт на СДСМ и Зоран Заев во државата им одговара само ним во функција на одржување на моќта и влијанието кои го детерминираат секојдневието на мнозинството граѓани во Македонија.

Оттука “мурафетот” на “првата фотелја” во овој хибриден режим кој со своите вавилонски тезги продава вредности кои не се негови, ќе продолжи да му носи профит на Зоран Заев се дотогаш додека на некој друг пазар не се понудат здрави производи со кои ќе почне да се храни овој колабиран животен организам наречен Македонија.

Пишува: Кирчо Анастасов

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Игор Јанушев од Оризари: 12-ти април е денот кога народот доаѓа по своето
Следна објава Македонија е наше дома повеќе од петстотини години- Рашела Мизрахи сподели фото со нејзината ќерка
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 720
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 649
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 674
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1328
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 606
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 701
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 372
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 464
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 679
Жена на денот
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

660
Маж на денот
Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

1737
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1497
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201920
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201919
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.