Зоран Заев со неговиот тим на владини функционери како во времето кога “Преродбата во 100 чекори-надградена и проширена” на Никола Груевски беше “пуштена на најсилно”, ширум државата прави трибини со граѓани во кои пред почетокот на Претседателските избори шири пропаганда за работењето на неговата влада.
Ваквиот тренд на средби со граѓаните во 2012-2013 година беше новина што тогашната политичка елита го донесе во македонскиот плурализам. Сега 6-7 години подоцна наликува на бледа копија на она што одамна е надживеано.
За квалитетот и суштината на прашањата за дискусија на самите трибини нема да носиме некаков заклучок, оставаме на нашите читатели сами тоа да го направат.
„Преродба во сто чекори“ – дебата со граѓаните на Куманово 🤣 pic.twitter.com/z60CE9m4Hk
— Furkan Saliu (@FurkanSaliu) March 25, 2019


