Ова е одлична вест за сите филмофили кои што пораснаа со лудориите на Бил и Тед кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години од минатиот век, кога овие два откачени филмски ликови беа едни од најпопуларните во филмската индустрија.
Алекс Винтер и Кијану Ривс во ведра и весела атмосфера лично го најавија третото продоение на култниот филм за кој веруваме дека ќе биде вистинско освежување со старата добра школа на актери.