• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Зоран Заев повторно со раката на срце: Ветувања многу, реалност за исполнување на неговите ветувања- минимална

декември 21st, 2020 Политика коментари 1019

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Зоран Заев повторно со раката на срце: Ветувања многу, реалност за исполнување на неговите ветувања- минимална

Зоран Заев од прес салата на Владата на Република Македонија претпладнево одржа прес конференција на која го претстави т.н. “Акција 21- Европски стандарди дома”.

Тој уште во почетокот на своето обраќање пред целокупната европска јавност ја обвини Европската Унија за неуспехот во процесот за започнување на преговорите на Македонија со Европската комисија.

“Дома нема да дозволиме неуспехот на Европската Унија со неодобрувањето на преговарачката рамка да предизвика застој во внатрешните реформи”.

Овој воведен штетен став на Зоран Заев во неговото обраќање наликува на реториката на дел од владините претставници од 2008 година после Букурешкиот самит кога Македонија беше блокирана од страна на грчката дипломатија во своите интеграциски напори тогаш.

Стагнацијата на политичките процеси и развојот на демократијата во несакани правци што следуваше потоа е своевидна лекција која што со ваквиот однос Зоран Заев ја повторува во сегашната констелација на односи.

Ова е и своевидна порака дека се бројат деновите на поддршка на меѓународната заедница во очи на Европската унија за политиките кои што самиот Заев ги практикува во државата а чии што негативни резултати се повеќе од очигледни за Македонските граѓани.

По блокадата од страна на Бугарија, Зоран Заев по примерот на Никола Груевски од 2008 година денеска брзоплето поита кон претставување на т.н. сет на мерки и програми именуван како “Акција 21- Европски стандарди дома”. За ваквите брзоплети потези за спас на политичката кариера на Зоран Заев видовме на каков начин завршија таквите политики наспроти блокираните евро-атлански перспективи на државата. Дополнително на штета на декларативните определби на Зоран Заев е неговата неспособност за водење на било каква економска политика која што може да се мери со капацитетот на реформи во тој дел на претходниот долгогодишен Премиер на Република Македонија. А за капацитетот на неговиот т.н. тим со кој е опкружен подобро воопшто и да не зборуваме.

Во обраќањето на Зоран Заев е очигледен плагијатот во однос на политиките на Никола Груевски за креирање на т.н. движење во ВМРО-ДПМНЕ со кое што се обиде да ги анимира сите прогресивни сили во државата на своја страна. Овојпат Зоран Заев го прави тоа од име на Премиер во владата каде очекува да му се придружат политички неистомисленици во име на прогресот на Република МАкедонија.

Повторно само блед обид да се креира нешто што не е здраво за политичкото опстојување и демократијата во државата која што е базирана на мултипартиски систем на уредување.

Овој обид не може да се реализира од едноставна причина што ваквата пракса е веќе неуспешно тестирана од страна на Никола Груевски, без конкретен одговор на прашањето за тајмингот и реализацијата на Македонските европски перспективи и предизвици.

Свртувајки го фокусот на својот политички делокруг кон внатрешноста на државата големи се шансите Македонија да зачекори во процес на воврдување на едноумие кое што се рефлектира од призмата на внатрепартиската “демократија” во СДСМ.

Од таква позиција Зоран Заев најави реформи во правосудството, борба против корупцијата, т.н. храбри чекори за заштита на природата, чекори за борба против Ковит-19. Секако една од главните теми на неговото обраќање беше декриминализацијата на Канабисот и поддршката на бизнис интересите кои што оваа земјоделска гранка ги има во последните 3 години откако неговата власт овозможи индустриска продукција на марихуана во Македонија.

Подолу во неговото обраќање се најде темата за т.н. нова македонска енергетика, која што видовме во последните три години како ги девастираше Македонските вештачки акумулации што се одрази на целокупната хидролошка состојба во државата. Дополнително Заев во веќе за него препознатливиот стил најави продажба на енергетски капацитети со кои располага државата а проектите на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ си ги претстави како свои за воведување на ветерници и фотонапонски централи ширум државата. Заев притоа не избегна повторно по којзнае кој пат да го вети гасот за употреба од Македонските граѓани, нешто што е дел од неговата вечна “ЌЕ-ПРОГРАМА” со кога се обидува да ги лаже граѓаните.

Во услови на ниво на најниска реализација на капитални инвестиции во изминатиот период во однос на патната, водоводната и канализационата инфраструктура Зоран Заев во негов стил повторно ветува модернизација на Коридорот 8 како и над 1,5 милијарди денари за водовод, канализација и проекти од патната инфраструктура.

Наредна “мудрост” од устата на премиерот Зоран Заев денеска беше спроведувањето на дигитализиран Попис на населението во државата но според најавите и на населението надвор од државата со што по којзнае кој пат Зоран Заев најверојатно ќе спроведе операција на штета на Македонското национално битие во Република Македонија.

Воведувањето на едноумието и ограничувањето на слободата на говор кое што Зоран Заев планира да го воведе преку неговата девета мерка насловена како “Стоп на дезинформациите” повеќе не се ни крие пресликано преку инструментализацијата на репресивните мерки на хибридниот режим на Заев.

На последно скалило на приоритети на т.н. Акција 21- Европски стандарди дома на Зоран Заев се наоѓаат новите економски мерки кои што најверојатно ќе бидат инструменти за извлекување на парите од граѓаните во полза на понатамошното партизирање на институциите под контрола на Зоран Заев.

Како резиме на целокупното обраќање на Зоран Заев во обид да се испере себеси од дебаклот во која ја втурна Македонија во изминатите 4 години можам да кажам дека “мали Зоран Заев сака да личи како Никола Груевски”, но тоа го прави на најнеспособниот, најпроѕирниот и најштетниот начин за граѓаните на Република Македонија, што ќе го помине дното во кое што досега живеевме.

П.С. Во одговор на новинарско прашање Зоран Заев повторно ја стави својата десна рака на срцето во добро препознатливиот негов стил на говор на тело во комуникација со јавноста, врз основа на кој што владее како најмоќен човек во Република Македонија.

Пишува: Кирчо Анастасов

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Владеењето на Зоран Заев пресликано во една фотографија
Следна објава Момент на откровение за вредноста на 200.000 евра употребени за новогодишно украсување на Скопје
Може да Ве интересира:
Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер
Македонија

Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер

октомври 26th, 2022 378
Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"
Македонија

Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"

август 11th, 2022 696
Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"
Македонија

Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"

јули 29th, 2022 551
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум

јули 27th, 2022 493
Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно
Македонија

Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно

јули 4th, 2022 616
Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат
Македонија

Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат

јуни 29th, 2022 1946
ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија
Македонија

ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија

јуни 28th, 2022 528
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот

јуни 22nd, 2022 633
Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт
Македонија

Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт

јуни 14th, 2022 520
Жена на денот
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

603
Маж на денот
Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

2049
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 779
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202237
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.