Откако со широка поддршка во собранието беше донесен нивиот закон за здруженија и партии, Бујар Османи од само нему познати причини соопшти дека ќе го праќал истиот на мислење до Венецијанската Комисија.
Дали на ваквиот начин на практикување на политика, Османи од име на владата го пролонгира ефективното спроведување на законот е прашање коие што се наметнува во јавноста како и причините за ваквата постапка на Османи.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во јавноста излегоа со своја реакција во која ја повикуваат власта веднаш да започне со имплементација на законот, во интерес на подобрување на имиџот на правниот систем кој што е на разрушено ниско ниво во државата.
“Власта да почне да го применува Законот за здруженија и партии и да се затвори клубот Цар Борис, кој носи име на нацистички соработник.
Законот за здруженија и партии е донесен и изгласан во собранието, тој треба веднаш да почне со примена.
Името на клубот Цар Борис, е име на докажан нацистички соработник, под негова палка Бугарија била дел од нацистичката коалиција на Хитлер.
Недозволиво е тој клуб да продолжи со делување. Тој треба веднаш да се избрише од Централниот регистар.
Недозволиво е во Македонија која се стреми кон Европа да има активни клубови кои имаат поврзаност со еден од најмрачните делови на историјата.”
-стои во соопштението упатено до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ.