• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Магазин

10 секојдневни работи кај нас, што се забранети во Северна Кореја

јули 1st, 2019 Магазин коментари 1410

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
10 секојдневни работи кај нас, што се забранети во Северна Кореја

Демократска Народна Република Кореја или позната како Северна Кореја е држава во Источна Азија која го зазема северниот дел од Корејскиот Полуостров. Главен град на Северна Кореја е Пјонгјанг, а официјален јазик во државата е корејскиот јазик. ДНР Кореја се граничи со Кина на север и со Република Кореја на југ. Во крајниот северен дел има допирна точка и со Русија, преку реката Тумен.

Корејскиот Полуостров бил под управа на Корејската Империја сè додека истиот не бил заземен од Јапонија по Руско-јапонската војна во 1905 година. По 1945 година, по завршувањето на Втората светска војна, полуостровот бил поделен на две влијателни зони, односно јужниот дел бил под управа на САД, а северниот под Русија. Набрзо, двата окупирани дела создале свои владини тела и двете новосоздадени држави тврделе дека целиот полуостров е под нивна контрола што довело до Корејската војна во 1950 година. Оваа Корејска војна завршила со договор во 1953 година, но официјално двете држави сеуште се во војна бидејќи договорот кој го потпишале не бил мировен.В0 1991 година двете држави биле примени како членки на ООН.

ДНР Кореја е еднопартиски систем каде владее Демократскиот фронт за обединување на татковината предводен од Корејската Работничка Партија. Владата на ДНР Кореја ја следи идеологијата на Џуче која се базира на самоподршка и била елаборирана од поранешниот претседател Ким Ил Сунг. По неговата смрт, Ким Ил Сунг бил прогласен за Вечен претседтeл на Републиката. Истовремено, Џуче станала официјална државна политика кога се усвоил уставот од 1972година, иако Кил Ил Сунг ја користел оваа идеологија уште од 1955.

По падот на Советскиот Сојуз, проследен со неколку природни непогоди во ДНР Кореја, државата се соочила со голем глад, што резултирал со смрт на 900.000 до 2 милиони жители. Соочувајќи се со оваа новонастаната ситуација, Ким Џонг Ил го усвоил Сонгунот или „воената политика“ за да ја зацврсти државата и владата. Иако официјално ДНР Кореја е социјалистичка држава, многу странски организации ја посочуваат како тоталитарно сталинистичко диктаторство со силен развиен култ кон Ким Џонг Ил и неговото семејство, проследено со најлоши човекови права во светот. ДНР Кореја е држава со најмногу војска во светот со околу 9.495.000 активен, резервен и паравоен состав. Покрај тоа, ДНР Кореја е држава со нуклеарно оружје и има активна нуклеарна програма. Поради таинственоста на владата и недозволувањето на слободен проток на странски лица во државата, ДНР Кореја се смета за најизолирана држава во светот.

Светот почнува сѐ повеќе да се интересира за Северна Кореја. Лидерот и владата постојано се обидуваат да го заштитат народот од надворешните влијанија со тоа што забрануваат одредени типови фризури и облека. Сето ова уште повеќе го зголемува интересот за луѓето од Северна Кореја и нивниот начин на живот. Ова се 10-те секојдневни работи кај нас, што се забранети во Северна Кореја…

  1. Кока-кола

Во Северна Кореја е забранет увозот на Кока-кола, па така, сигурно нема да го најдете овој пијалок таму. Меѓутоа, некои поскапи продавници во Пјонгјанг продаваат Кока-кола но произведена во Кина.

2. Фризури

Ким Џонг-ун дозволува само 18 фризури за жени и 15 за мажи. Ниту една од фризурите не дозволува промена на бојата на косата, така што навистина е тешко да се купи фарба за коса во Северна Кореја.

3. Хигиенски влошки

Хигиенските влошки и тампоните не се дозволени во Северна Кореја. Жените користат старомодни влошки за повторна употреба.

4. Кондоми

Сите видови средства за заштита од бременост се забранети во Северна Кореја, па затоа многу е тешко да се најде кондом во оваа земја. Многу возрасни Севернокорејци со задоволство ќе прифатат кондом како подарок.

5. Приватна сопственост

Владата на Северна Кореја ги поседува сите права на земја и сопственост. Тоа значи дека е невозможно да купувате и продавате куќи и станови. Меѓутоа, луѓето од Северна Кореја нашле начин да го прават тоа, што довело до ублажување на законите оваа година.

6. Новогодишни елки

Северна Кореја официјално е атеистичка земја. Сите верски ритуали се забранети и строго надгледувани од страна на владата. Токму поради тоа, луѓето не смеат да купуваат и поседуваат какви било божиќни украси и новогодишни елки.

7. Кабелска телевизија

Постојат само 4 официјални ТВ канали во земјата. Цензурата од страна на владата е толку силна што не дозволува други типови телевизија.

8. Безжичен интернет и меѓународни повици

Од вкупно 15 милиони жители, само милион Севернокорејци поседуваат мобилен телефон. Меѓутоа, забранети се меѓународните повици. Исто така, има одредени забрани што се однесуваат на користењето 3G мрежа. Странците што влегуваат во земјата треба да купат припејд СИМ картичка за да се јавуваат во странство.

9. Билети за музички концерти

Мал број странци имаат дозвола да настапуваат во Северна Кореја. Па, така, доколку сакате да одите на концерт на вашиот омилен музичар, оваа идеја не доаѓа предвид. Единствениот бенд на којшто му било дозволено да настапува бил словенечкиот бенд Laibach. Тие имале концерт во Пјонгјанг во 2015 година. Наместо тоа, луѓето можат да ги посетуваат концертите на локалните бендови.

10. Одмори во странство

Севернокорејците не смеат да одат на одмори во странство. Тоа е нарушување на човековите права, но луѓето во Северна Кореја најверојатно не се свесни за овој факт.

Лидерите на Северна Кореја се обидуваат да ја заштитат земјата од надворешните влијанија. Тие забрануваат многу работи, но светот постојано се менува. Не можеме да очекуваме дека Северна Кореја засекогаш ќе остане иста. Луѓето таму и нивниот начин на живот постепено се менуваат, благодарение на северните и јужните соседи, така што постои надеж дека Севернокорејците еден ден ќе можат да дознаат што се случува надвор од границите на нивната земја.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Торта која разладува е совршеното решение за овој период. Пробајте го неодоливиот вкус на оваа сладолед торта
Следна објава Изберете симбол за да откриете порака за вашиот пат во животот
Може да Ве интересира:
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Забава

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

октомври 18th, 2022 794
Револт со нов видео спот за песната "Европа"
Забава

Револт со нов видео спот за песната "Европа"

септември 17th, 2022 633
Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...
Забава

Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...

септември 1st, 2022 716
Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022
Забава

Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022

август 29th, 2022 777
Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите
Магазин

Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите

август 9th, 2022 782
Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип
Забава

Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип

јули 31st, 2022 736
Ова ли е тоа "бекап на податоци"?
Магазин

Ова ли е тоа "бекап на податоци"?

јули 31st, 2022 748
Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година
Забава

Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година

јули 19th, 2022 679
Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор
Забава

Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор

јули 19th, 2022 764
Жена на денот
Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

1230
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

1953
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1494
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Во мојот град веќе не врне...
Колумна

Во мојот град веќе не врне...

Јан 22nd, 202019
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Магазин

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

Окт 18th, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.