Истибањско здравоживо- мотото на фестивалот само по себе e гаранција за великодушноста и гостопримловиста на жителите на с.Истибања, кои веќе четврта деценија пречекуваат и испраќаат фолклористи од цел свет. Да се негува, чува, развива и надградува едно такво фолклорно богатство кое некој го оставил во наследство, а друг го чува и пренесува од генерација на генерација, тој континуиран процес и не е едноставен имајќи ги во предвид апетитите и желбите на новите генерации, кои целосно се косат со традицијата.
Меѓутоа, Истибанки како да имаат оставено завет кој си го пренесуваат од бабите на внуките или пак внуците и така, веќе четврта деценија го поддржуваат постоењето на ФА “Китка“, кој континуирано го обновува својот подмладок, а во исто време расте и бројот на возрасните членови. Фестивалот практично е заокружување на прошетките и настапите на фолклористите од “Китка“ во изминативе 8 месеци, кои неуморно одговараат на сите покани за учество и настапуваат секаде каде можат финансиски, но и физички да стасаат.
Со еден збор кажано, членовите на “Китка“ буквално го прошетаа светот, и има уште, велат тие, научија многу за културите и народите, но сакаат уште и уште. Стојко Митковски, го реализира 33-от МФФ “Истибањско Здравоживо“.
Изборот годинава се сведе на седум странски и повеќе домашни ансамбли, кои во Истибања викендов го презентираа она што го имаат како свое обележје од местото и земјата каде доаѓаат, а оценката на публиката е фантастична, и во целина, првата фестивалска вечер помина токму онака како што се очекуваше.
За првпат свое обраќање имаше првиот човек на Сојузот на Фестивали, Антонио Димитровски, кој нагласи дека Фестивалот “Истибањско здравоживо“ е на највисок ранг на листата на овие меѓународни фестивали.