Од 27 до 29 септември, во Кочани ќе се одржи 27. издание на манифестација „Денови на кочанскиот ориз“. Манифестацијата ќе трае три дена и ќе се одржува во Градскиот парк. Ќе има традиционален избор на жетварска убавица, кој ќе биде збогатен со настапите на танчарите Илија Карадакоски и составот Eat the Beat. Во текот на трите дена ќе понудиме жанровски различна музика, со концерти на Баклава, Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ, Драган Теодосиев квартет, Conquering Lion. Централниот настан со кој се претставуваат традицијата и обичаите зажнејување и вршидба ќе се одржат на 29 септември, на површини на Земјоделскиот институт во Кочани.
Ќе биде промовиран и Инфоцентарот „Пониква“, како туристички информативен центар за природните вредности во регионот на Осоговските Планини.
Ќе настапат и фолклорни состави од Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина.