Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Јовановска – Стојановска во своето гостување во емисијата „Референдум“ истакна дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за прашањето за влез во ЕУ и НАТО е јасен и тоа стои во статутот на партијата. ВМРО-ДПМНЕ не е против влез на Македонија во ЕУ и НАТО, туку против овој договор каде се уништува се Македонско и постоењето на Република Македонија воопшто.
„Проблемот е во капитуланскиот договор. Не може да ми биде пријател оној што ме поништува. Овој договор ќе го поништи постоењето на Република Македонија, договор со кој и се дозволува мешање на Република Грција во внатрешните работи. Договор во кој што нашата страна има се прифатено само да се реши спорот.ВМРО-ДПМНЕ не го кочи процесот за влез во ЕУ и НАТО. Консезуално седнавме и ги гласавме реформските закони, но меѓутоа во однос на ова прашање не може СДСМ во нас да бара соучешништво за утре да ја делиме одговорноста“,
-укажа Стојановска.
Таа јасно додаде и дека никогаш нема да гласа за ваквото уништување на Македонија.
“Јас како Дафина Стојаноска без разлика на исходот од референдумот нема да притиснам зелено копче за промена на Уставот во Собрание”,
-порача пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Гостивар.


