На 18 август, ќе се чествуваат 75 години од формирањето на батаљонот “Мирче Ацев” – Првата регуларна единица на Македонската народноослободителна војска, кој воедно се прославува и како Денот на Армијата на Република Македонија. ОО на СБ од НОАВМ Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца на Славеј Планина, традиционално, организираат масовен народен собир.
На манифестацијата ќе присуствуваат поголем број членови на СБМ од Охрид, Дебрца, Струга, Кичево, Скопје и други, припадници на АРМ, како и истанатите граѓани кои сакаат да одадат чест. Делегации ќе положат цвеќе пред споменикот од НОВ, а пригодни обраќања ќе имаат претседателот на ГО на СБМ, Д-р Никола Стојаноски, претседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца и потпретседател на ГО на СБМ, Гоце Георгиески.
Свеченоста ќе биде збогатена со пригодна културно – уметничка програма.