Јане Ченто-внук по мајка на Првиот Претседател на АСНОМСКА Македонија, Методија Андонов Ченто кој што е обвинет за тероризам при настаните на 27 април минатата година заедно со уште 35 мина уметници, пратеници, патриоти за време на неговото сослушување во јавното обвинителство во рамки на креираниот судски процес од страна на властите изјавил толку силни зборови и мисли што истите ќе останат да се толкуваат со генерации после нашето време.
Исто како и неговиот вујко!
- Јане Ченто – при сослушување пред јавното обвинителство 2018 година.
“Не се чувствувам виновен за делото кое ми го ставате на товар, и никогаш не сум работел против интересите на Македонија, но спремен сум да се спогодам со Вас, мене осудете ме на доживотен затвор а останатите 35 луѓе пуштете ги на слобода, подобро еден невин да лежи во затвор отколку 36 патриоти.
Имам аманет да ја чуваме АСНОМСКА Македонија и тоа ќе го направам.” - Методија Андонов Ченто -При сослушувањето во истражниот затвор – август 1946 година
“Пред својата совест не се чуствувам виновен, бидејќи и не сум мислел да работам против интересите на југословенските народи.
Обединувањето на македонскиот народ го сметам за последен долг кон својот народ, кој е многу измачен, особено со поделбата на Македонија на три дела во 1912 година. Заради тоа доколку решев и успеев да се префрлам во Америка, и ако ми се дадеше возможност тој свој политички став и јавно би го изнел, пред Обединетите Нации и Мировната конференција, со цел да допринесам за обединување на македонскиот народ“


