• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Џафери одби да номинира посматрачи. Дали се спрема референдумски фалсификат?

септември 25th, 2018 Македонија коментари 863

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

На прес конференција Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев обелодени уште една скандалозна постапка на Талат Џафери со која одбил да номинира набљудувачи од страна на Предлагачот на референдумското прашање а тоа е Собранието на Република Македонија.

Интегрално ја пренесуваме целата изјава на Јанушев:

Повторно имаме огромен скандал од страна на власта! Овој пат од страна на законодавниот дом.

Талат Џафери, во име на Собранието на Република Македонија во текот на вчерашниот ден одби да номинира набљудувачи кои ќе го следат референдумскиот процес.

Власта со ваквите чекори фрла огромна црна сенка врз декларативните заложби за фер и демократско изјаснување на граѓаните на претстојниот референдум.

Имено, ДИК согласно закон, испрати барање до Собранието на Република Македонија, истото да номинира набљудувачи кои ќе го следат референдумот, за што Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ официјално побара од Џафери да номинира набљудувачи.

Не треба да се потсетува дека станува збор за едно од најважните прашања за Македонскиот народ. Станува збор за гласање на кое фалсификувањето на избирачката волја на Македонскиот народ, ќе значи дефинитивно бришење на идентитетот и вовед во фалсификување на Македонската историја, традиција и култура.

Џафери и покрај намерата на ВМРО-ДПМНЕ, испрати известување до ДИК дека Собранието нема да номинира набљудувачи.

Собранието – кое е овластен предлагач и орган кој го отпочна самиот процес на референдумот, вчера со одлука на Талат Џафери се стави надвор од  можноста да врши контрола на законитоста на целиот процес и остави простор за секакви сомнежи во исходот. Ако Џафери и мнозинството не ги интересира ова прашање, тогаш што е нивниот приоритет?

Набљудувачите се гаранција за законитоста на референдумот. Со овој чекор на Џафери се отвора огромен сомнеж за намерите на власта да организира законско и демократско референдумско изјаснување.

Власта мора да одговори кому му пречи законски референдум без никакви дамки?

Зошто не им се дозволува на парламентарните партии преку Собранието да номинираат набљудувачи?

Кој се плаши од поголем број набљудувачи и зошто?

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ бара од ДИК во најкус можен рок – уште на денешната седница да изврши измена во Правилникот за начинот и постапката за решавање на приговори за референдумот.

Бараме со измените да се овозможи набљудувачи да присуствуваат при целокупниот процес на референдумското изјаснување, вклучително и сумирањето и утврдувањето на  резултатите.

Очекуваме со измените да се даде можност и за пишување на соодветни приговори без ограничувања кои ги има во моментов согласно со член 4 став 3 од истиот Правилникот.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира овој предлог да биде усвоен уште на денешната седница на ДИК, со цел остварување на демократски и слободен процес на изјаснување на референдумот.

Власта секојдневно зборува за европски вредности и принципи, но на дело се однесува крајно недемократски и тоталитарно, без никакво почитување на основните демократски права.

Почитувани,

Во недела не очекува историски ден. Ден на кој што Македонскиот народ ќе одлучува дали ќе се откаже од сопствениот идентитет, од сето наследство за кое што генерации пред нас ги положувале своите животи.

Во недела македонскиот народ ќе одлучува дали името Македонија, традицијата, историјата и културата ќе ги остави на идните генерации или со поддршка на договорот на Заев, со еден потег ќе избрише и ќе се откаже од се што е Македонско.

Поддршката на договорот е поддршка за амнестија и покривање на криминалите на Заев. Поддршката на договорот е поддршка на капитулантската политика и прифаќањето на грчките црвени линии.

Никој не му дал право на Заев да се коцка со се што е Македонско и да го става како влог Македонскиот народ.

Ние веруваме во мудроста и достоинството на Македонскиот народ и апелираме граѓаните да не потпаѓаат под манипулациите на власта, туку да постапат онака како што мислат дека е најчесно кон нив, кон нивните предци и нивните потомци.

Веруваме дека граѓаните, за разлика од Заев не се подготвени да си го продадат достоинството за награда од неколку илјади денари или закана од  губење на работното место.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Млади за Македонија со важно соопштение: Протест на 27-ми ќе нема
Следна објава Љубомир Цуцуловски: Суштината на живеењето
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 720
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 649
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 673
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1328
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 606
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 699
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 371
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 464
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 675
Жена на денот
Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

2505
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1906
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1494
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Во мојот град веќе не врне...
Колумна

Во мојот град веќе не врне...

Јан 22nd, 202019
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201917
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.