Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Друштвото на ликовни уметници од Пловдив Р. Бугарија, ве покануваат на отворањето изложбата „Мал формат“, четврток 01 ноември 2018 година во 18:00 часот во Галерија Пловдив во Пловдив, Р. Бугарија.
“Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 цм претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка”.
На изложбата ќе се претстават повеќе од 50-тина автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија, меѓу кои: Ана Темкова, Александар Јанкуловски Цане, Емилија Божиновска, Кирил Гегоски, Марија Светиева, Филип Фидановски, Петра Јовановска, Симеон Арнаудов, Дијана Томиќ Радевска, Ангел Димовски Чауш, Маја Кировска и други.
-информираат од Друштвото на ликовни уметници на Република Македонија.


