Екипа од клубот за пинг понг од Берово предводна од Јован Ковачовски како Претседател , се натпреваруваа на Државното Првенство во пинг понг за основни училишта во машка и женска конкуренција.
Екипата опстојува само 5 месеци но натпреварувачите постигнаа висок успех на првенството.

Натпреварот го организира Федерација на училишен спорт во Македонија во соработка со Пинг понгарска федерација на Македонија а се одржа во Спортската сала на ОУ ,,Коле Канински” во Битола.
Изабела Ковачовска стигна до четвртфиналето меѓу најдобрите 8 натпреварувачи а Дејвид Костадиновски во машка конкуренција меѓу надобрите 16.



