Заврши и десетото јубилејно издание на традиционалниот турнир во табла во Неготино.
На турнирот учествуваа педесетина учесници претежно од помладата генерација, кои на тридневниот турнир одиграа интересни партии, а најдобрите по систем на елиминација дојдоа до завршницата.
Победник на турнирот е Горан Михајловски . За постигнатиот резултат победникот доби диплома и парична награда од 8.000 денари, додека поразениот во исклучително интересното финале на турнирот Илија Петров доби диплома и парична награда од 5.000 денари. Третопласиран на турнирот е Атанас Стојчев, кој доби парична награда од 2.000 денари.
Овој турнир е традиција во Неготино, и е дел од богатата програма која се организира во чест на празникот на градот.


