По долго време велешките уметници се собраа заедно и ги претставија своите дела во јавноста.
Беа претставени дела на вкупно 12 ликовни уметници и вајари. Присутните уживаа во разновидноста на делата . Голем дел од нив содржеа емотивна приказна, други ја манифестираа убавината на природата, разни архитектонски стари градби од Велес и околината и разно разни други мотиви.
За делата на 12-те уметници, на изложбата говореше Анита Василева-Мидоска, директорка на Народниот музеј од Велес.






