Од јануари 2019 година влезот во скопската Зоолошка градина ќе поскапи за 30 ден, за картата на возрасните. Досегашната цена на билетот чинеше 50 ден, и за возрасните и за децата, но директорот на Зоолошката градина одлучи да ја покачи цената на билетот на возрасните , а за децата останува ист.
“Предлогот доаѓа од мене, но предлогот ќе биде доставен кога ќе завршиме со некои инвестиции и кога ќе пристигнат новите животни тогаш ќе бараме да ја покачиме цената на картата бидејќи ќе треба храна за сите тие животни и одржување на зоолошката. Тоа би било од јануари следната година и не би било драстично зголемување плус 30 денари на билетот за возрасни. За цената на влезот не одговарам лично јас одговараат и градските власти. Предлогот доага од мене, но предлогот ќе биде доставен кога ќе завршиме со некои инвестиции и кога ќе пристигнат новите животни тогаш ќе бараме да ја покачиме цената на картата бидејќи ќе треба храна за сите тие животни и одржување на зоолошката”
– изјави директорот на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски.


