Во моменти кога светот се чини изместен од својата оска на ротација, блеснува светла искра надеж која го грее срцето и ја храни душата.
Менаџментот на Гостиварската пицерија “Дипломат” решија да ги стоплат овие студени денови над Македонија, да го растераат целото сивило над загадените градови во државата со еден хуман гест.
Драги наши сограѓани. Бидејќи сме навикнати на социјалниве мрежи само да споделуваме.. Ние денеска одлучивме на сите деца без родители и сите што имаат потреба од храна, да дојдат кај нас на оброк. Ќе ни биде огромна чест и задоволство. Со почит, пицерија Дипломат.”
-напишаа на својата фејсбук страница на пицеријата.
Кликнете лајк на нивната страница подолу во знак на поддршка на нивната работа и секако во очекување на нови вакви убави изненадувања.
Злото победува, кога доброто не превзема ништо!


