Боксерскиот спектакл во тешка категорија кој се одржа во Лос Анџелес , помеѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер заврши без победник. Вајлдер кој ја бранеше титулата во тешка категорија беше преблиску до победата , но неговиот противник му упати два незгодни удари на кои Вајлдер се најде на подот. После 12 рунди, судиите одлучија дека овој меч нема победник. Двајцата боксери најавија реванш, а датумот дополнително ќе биде објавен.
Боксерски спектакл помеѓу Фјури и Вајлдер кој заврши без победник


