Проф. Каракамишева потсети на задолжителниот законски рок за уредување на прашањето за името согласно резултатите од референдумот , на кој граѓаните јасно и со став го искажаа своето мислење , истече на 30.11.2018 година. Во согласност со ова таа обвини за непочитување на законскиот рок и насилна промена на се што е македонско.
“ На 30.11.2018 истече задолжителниот законски рок за Собранието да го уреди прашањето согласно резултатите од референдум. Со оглед дека граѓаните не дадоа овластување да се менува името на државата ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СОБРАНИЕТО Е ЧИН НА НАСИЛНА ПРОМЕНА НА СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО!”
– Напиша Каракамишева