• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Александар Нацев – Шпионска игра

декември 26th, 2018 Македонија коментари 795

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Александар Нацев – Шпионска игра

“Повеќе од три години трае голготата наречена „спроведување на препораките на високите експерти на Европската Комисија“ или популарно наречени препораките од Прибе. Бидејќи многу време помина од тогаш, еве само колку за потсетување дека главната цел на тие препораки беше системска реформа во која ќе бидат опфатени сите субјекти на системот за национална безбедност. Па, така, се’ започна од најголемиот проблем во тој момент, а тоа беше уредувањето на постапката за следење комуникации, што како резултат го имаше донесувањето на нов Закон за следење на комуникации, но и формирање на посебна институција која треба да служи како медијатор при следењето комуникации, а тоа е Оперативно техничката агенција (ОТА). За првпат, со оваа реформа се воведе и формирање на Советот за граѓански надзор, кој е тело кое покрај собраниската комисија, ќе може да врши надзор над спроведувањето на мерката следење на комуникации. Имаше одредени несогласувања во неколку инстанци при формирањето на овие законски норми, птотоа со големо внимание од јавноста се следеше и изборот на првиот директор на ОТА, но на крај, ете, се’ заврши таа работа и од 1 ноември 2018, стапија на сила новите законски одредби. Дали во иднина ќе видиме одредени афери со прислушување, како што впрочем ни стана навика на неколку години да се чудиме и прашуваме како можеле да се случат, останува времето да покаже. Сега пред Република Македонија е нов предизвик, можеби во делот на безбедносните реформи и најголемиот, ако се изземе онаа реформа од 1995 година кога се формираше Агенцијата за разузнавање, па дел од ингеренциите на тогашната Служба за државна безбедност (СДБ) кои се однесуваа на надворешното разузнавање, преминаа на новоформираната Агенција за разузнавање, а тоа е реформата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Огромните афери кои ја тресеа УБК, која Претседателот Иванов со право ја нарече „генератор на кризи“, и сериозните последици од тие афери, како нарушен углед и репутација на Управата, загриженост кај граѓаните за нејзината професионалност и нарушен меѓународен углед и за службата и за државата, веќе подолг период претставуваа дополнителен поттик за нејзина реформа. И, таман, кога сите помисливме дека еве ја научивме лекцијата и ќе се поправиме, следува нов шок и ново изненадување. Пред нас е презентиран нов закон, кој треба да ја конципира реформата на УБК, и да го спроведе во дело избраниот модел за реформа на безбедносно-разузнавачката заедница, модел кој опфаќа отстранување на УБК од составот на Министерството за внатрешни работи и формирање на нова институција која ќе го преземе делокругот на работа на УБК, но ќе биде институција која нема да ги задржи концентрацијата на моќ и монополот кој го имаше УБК, како и лошите критериуми за избор и управување со човечкиот фактор, што беше забелешка и од Прибе. За жал, мора да се констатира дека со предлог работниот текст на законското решение не се отстрануваат забелешките на високите експерти на Европската комисија и можностите за идни злоупотреби кои директно би придонеле кон ограничување на слободите и правата на граѓаните. Според самиот наслов на Законот за Агенција за внатрешно разузнавање, очигледно е дека воопшто не се прави терминолошка разлика меѓу поимите безбедност и разузнавање. Доколку се разгледа текстот на законот, очигледна е намерата од орган во состав на МВР (поранешната УБК), кој беше задолжен за собирање на докази за кривични дела против државата, сега да се направи една трансформација на овој орган во нов разузнавачки домашен субјект, со што всушност ќе се легализира досегашната лоша практика на употреба на средства и методи за остварување лични, партиски или други цели, што да потсетам беше основа за досегашните безбедносни и политички кризи. Широката надлежност на новата служба, која е предвидена во работната верзија на Законот за Агенција за внатрешно разузнавање, како и различните толкувања на определени поими (како на пример поимот “национална безбедност”) претставуваат основа за злоупотреба, несовесно работење и дејствување надвор од законскиот мандат. Воедно оваа широка надлежност предизвикува судир, преклопување и узурпирање на надлежност на други државни органи кои ќе треба да се стават во положба на потчинетост на Агенција за внатрешно разузнавање. Ваков епилог е апсолутно недозволив и треба да се направи итно преоценување на предложените законски решенија, и да се земе во предвид дека реформските закони од областа на безбедноста и одбраната треба исклучиво да се водат низ транспарентна постапка, консултација со опозицијата и со граѓанското општество, како и задолжителен дијалог со академската и стручна јавност. Само преку еден ваков приод и широка дебата ќе може да биде изграден национален консензус по ова многу важно прашање, кое неколку пати досега успеа да ја клекне на колена цела држава.”

– Колумна на Александар Нацев за НетПрес

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Претседателот Ѓорѓе Иванов помилува 16 лица за Нова Година
Следна објава Се одржа хуманитарна детска модна ревија во спомен куќа „Тодор Проески“ во Крушево, изработките се донираа на згрижени деца во крушевски семејства
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 703
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 642
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 663
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1318
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 596
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 690
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 365
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 457
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 665
Жена на денот
За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

1316
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

1403
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1464
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202218
Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост
Регион

Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост

Ное 12th, 202217
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.