• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Обединување за повисока цел. И Тодор Петров повика на протест на 9-ти Јануари пред Парламентот

јануари 4th, 2019 Македонија коментари 869

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

По повикот на Македонската дијаспора од Координативното тело од Европа, Америка и Австралија за масовен сенароден протест (за кој известивме тука),

откако групацијата од над 90 органицазии обединети под паролата Македонија #Блокира објави повик за протест на 9-ти Јануари,

со сличен повик се одзва денеска и Тодор Петров-Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес.

Истиот го пренесуваме во целост :

Почитувани браќа и сестри Македонци,

Собранието на Македонија на 9 јануари 2019 година со почеток во 12.00 часот ќе ја одржи 75-та седница, со дневен ред “Амандмани 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија” и “Уставен закон за спроведување на уставните амандмани”, заради имплементација на Спогодбата Димитров-Коѕиас.

Со овие амандмани, владата и пратениците треба да го променат името на државата Македонија во држава “Северна Македонија” и да се откажат од Македонците во светот, со што вршат најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува! Кога и да е, премиерот, министрите и пратениците кои ќе гласаат за овие амандмани ќе одговараат со доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на семејството, дома и во светот. Не постои дупка на земјината топка каде што ќе се скријат пред судот на историјата, народот и правдата!

Светскиот Македонски Конгрес повикува на масовен мирен Семакедонски протест пред Собранието на 9 јануари 2019 година со почеток во 12 часот, без говори и бина, со транспаренти и знамиња!

Ги повикуваме Претседателот на Републиката и пратениците да се приклучат на мирниот Семакедонски протест пред Собранието на Македонија!

Ги повикуваме полицајците, војниците, пожарникарите, резервистите, да се приклучат на мирниот Семакедонски протест пред Собранието на Македонија!

Подобро криминалец во затвор, отколку цел живот велепредавник на нацијата и државата!

Собранието не смее да ги усвои амандманите за велепредавство на нацијата и државата, со кои Македонија станува територија без народ и историја, под диктат на Атина.

Секој полицаец и војник има право и должност секаде и во секое време да ги уапси премиерот, министрите и пратениците кои ќе гласаат за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Кога неправдата станува закон, отпорот е наша должност!

Не прашувај што стори татковината за тебе, туку што правиш ти за Македонија!

На 9 јануари го повикуваме Претседателот на Републиката да ги спаси државата и нацијата од велепредавството на Владата и Собранието!

Пратениците имаат историска одговорност да ги спасат честа и достоинството на Македонскиот народ и државата Македонија пред кои положиле заклетва дека ќе ги бранат и одбранат суверенитетот и интегритетот!

Потребно ни е помирување на Македонскиот народ со соседните народи и договори за траен мир и добрососедство на државата Македонија со соседните држави, но врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: заемно почитување и разбирање, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи! Договорот Заев-Борисов, Спогодбата Димитров-Коѕиас и Тиранската платформа се асиметрични и антимакедонски, спротивни на домашното и меѓународното право, и поради тоа се ништовни!

Бараме: оставка на Владата, распуштање на Собранието, нови парламентарни избори, повлекување на уставните амандмани за промена на името, поништување на Спогодбата Димитров-Коѕиас, и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија со предлог-резолуција од Претседателот на Републиката до Генералното Собрание!

На 9 јануари 2019 година во 12 часот, сите од сите страни, пред Собранието на Македонија!

Сите Македонци, по род и државјанство, еден за друг!

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава "Аквамен" за перипетиите со aмнecтиjaтa и трговијата со пратеници
Следна објава Вака тоа се прави во Кочани
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 560
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 540
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 529
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1189
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 510
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 592
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 320
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 557
Жена на денот
Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

755
Маж на денот
20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

1600
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4272
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија
Македонска бесмртност

"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија

Јул 5th, 201919
Откако Благој Бочварски избега од градоначалничката функција во Штип, остави огромни проблеми кои денес се решаваат
Регион

Откако Благој Бочварски избега од градоначалничката функција во Штип, остави огромни проблеми кои денес се решаваат

Авг 12th, 202218
Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба
Историски документи

Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба

Јун 2nd, 202017
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.