Еднаш го објавив, сега го преобјавувам следниот виц. Свеченото отворање на изложбата било завршено. Сепак, еден посетител останал, со саати загледан во една умерничка слика. Авторот на сликата, кој останал и по затворањето на изложбата, го прашал што толку многу го инетерсерира. Посетителот прашал што е насликано на неа. Уметникот објаснил дека на неа е насликана крава како пасе трева. Посетителот, помалку збунето, прашал дека на сликата не гледа трева. Уметникот му одговорил дека тревата ја нема, затоа што кравата ја изела целата трева. Посетителот, уште позбунет, забележал дека на сликата нема ни крива. Авторот мирно одговорил: „Па, кравата ја нема, оти си замина. Што има да остане, откако ја испасе сета трева?“
Така ништото е, сепак, нешто. Така е и во Макенија – ништо во ништо, макар што некои се обидуваат во тоа ништо да видат нешто. Како и да е, Макенија остана и без трева и без крава.
Макенија (во претходниот виц/пост) ја загуби кравата и тревата, но затоа доби двојазична недржава. Дезинтеграциските процеси и понатами ќе се продлабочуваат и ќе се прошируваат сè додека сериозно не се доведе во прашање легалноста (токму така: л а г а л н о с т а!) на она што се случи на 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија, па, според тоа, и сè што потоа следеше и беше донесено како одлуки/„одлуки“. Наместо цело време да се бара одговор од одговрните врз основа на кои правни акти (Устав, Деловник за работа, закони и.т.н.) е извршен изборот (изборот?) на сегашната власт, опозицијата, медиумите, како и на голем број митинзи, некои пресони од власта упорно ги титулираат како премиери, министри, претседатели на Собранието…
Сè додека некој некому се обраќа како кон крал, посредно го признава за крал. Потоа, се чудиме каде оди македонското општество, макар што секому е јасно каде оди – кон сè поголемо непочитување/газење/суспендирање на законите, Уставот и процедурите. Молчењето пред тој факт, само ќе ја засили дезинтеграцијата на Македонија, бидејќи безаконието и башибозукот водат кон уште поголемо безаконие.


