Во текот на својата работна агенда при посетата на Брисел Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше средба со европратеникот Милан Звер со кого разговарале за корупцијата која е присутна во судството во Република Македонија.
Во продолжение краткото соопштение од Мицкоски во врска со средбата:
Остварив средба со Пратеникот на Европскиот Парламент Milan Zver. Пренесов впечатоци и ставови за корумпираното и политизирано судство во Република Македонија, обвинителството кое дејствува како продолжена рака на власта, за тешката политичка и економска состојба на Република Македонија. Македонија заслужува подобра иднина, подобар живот и подобри стандарди.


