На почетокот добриот и семожен Бог ги создаде кралевите и кралиците; велможите и велмошките; министрите и министерките; државните секретари и потсекретаките; сите можни градоначалници и началници, заедно со началничките; како и сите можни и неможни комисии, поткомисии, како и… Откако го создаде сето тоа и виде дека е добро, дури тогаш се создаде самиот себе за да може да ужива во сета создадена добрина и убавина.
Единствено нејасно останува како ја создаде сета таа добрина и убавина (оличена во кралевите и кралиците; во министрите и велможите…) пред самиот Тој да постои. Меѓутоа, така било, бидејќи кога не би било така, тогаш не би било така. Бидејќи е така, тогаш е така! Разбирате? Не? Не морате. Важно е да прифатите (или, да се помирите) дека е така. Јасно!? Ај, сега, добар викенд!
П.С. И, немојте да заборавите: на Почетокот беа Тие, потоа беше Тој.


