Потребни состојки:
– 200 милилитри топла вода
– 100 грама кафеав шеќер
– 180 грама интегрално брашно
– 4 помали рендани јаболка
– 200 грама исечкани ореви
– 100 грама суво грозје
– 2 лажици овесни снегулки (или гриз)
– 1 кесичка прашок за печиво
– 1 лажичка сода бикарбона
– Рендана кора од лимон или портокал по желба
Потребни состојки за сируп:
– 200 грама кафеав шеќер
– 200 милилитри вода
– 1 ванилин шеќер
– Сок од портокал, парчиња лимон и кардамом по желба Во сад за мешање ставете ги топлата вода и шеќерот и добро промешајте. Откако ќе се растопи шеќерот, додајте ги ренданите јаболка, шеќерот, брашното, овесните снегулки, прашокот за печиво, сода бикарбона, сувото грозје, оревите и ренданата кора од лимон.
Добро измешајте ги состојките и ставете ги да отстојат околу 15 минути. Во правоаголен калап (најдобро со димензии28х20 центиметри) ставете хартија за печење и наросете 100 грама исечкани ореви. Ставете го тестото во тавата и печете 15 минути на температура од 200 степени.
Потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 15-20 минути. Оставете го колачот да се излади во тавата и исечете го на коцки. Можете и да го превртите, така што оревите ќе бидат на површината.
Во тенџере измешајте ги водата шеќерот, ванилата и парчињата лимон. Можете да додадете и кардамом, а наместо еден дел вода да додадете малку свежо цеден сок од портокал.
Ставете го тенџерето на оган и оставете ја течноста да зоврие. Со врелиот шербет прелијте го колачот во тавата. Оставете го да се излади и послужете.


