Кандидатот за претседател Стево Пендаровски, на трибина во Виница порача дека младите на овој град заслужуваат да живеат во европска држава, во европска Виница, град со дух, традиција и модерни европски вредности.
Пендаровски посочи дека можеме да успееме само со слога и поддршка за најважните прашања, да нема патриоти и предавници.
Сите заедно си ја сакаме нашата единствена татковина, нашата единствена партија мора да биде Република Северна Македонија. Позиција и опозиција мора да разберат дека економски напредок може само во евроатлантските интеграции. Да го поддржиме овој пат, оваа опција која нуди европска иднина, напредок и прогрес, да си ги задржиме овде младите,
рече Пендаровски.
Извор: СДСМ


