• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

Бошко Цветковски: Аларм за животната средина и здравјето на граѓаните на општина Лозово

април 18th, 2019 Регион коментари 1148

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Бошко Цветковски: Аларм за животната средина и здравјето на граѓаните на општина Лозово

Во продолжение ја пренесуваме интегрално прес конференцијата на Претседателот на Општинскиот комитет на на ВМРО-ДПМНЕ на Лозово:

Почитувани,

иако„Транспарентност“, е најкористениот збор во вокабуларот на челниците од СДС, во пракса скоро и да не наоѓа примена. 

Имено, Градоначалникот на о.Лозово, Ацо Велковски без согласност од ГРАЃАНИТЕ и без ОДЛУКА на СОВЕТОТ на о.Лозово, на своја рака во четири очи прифатил изградба на Регионална Кафилерија во Општина Лозово. Истата ја претставува како индустриски капацитет за преработка на нуспроизводи од животинско потекло, но притоа во духот на „транспарентноста“ свесно премолчува пред граѓаните многу важни информации!

Кафилерија, почитувани граѓани е завод каде што се уништуваат мршите на пцовисани животни кај кои во 90% од евидентираните случаи ,смртта настанала од болест. Ако се земе во предвид дека бројот на грла добиток во Централниот и Источниот регион на Р.Македонија е драстично намален, наспроти Западниот, каде бележи постојан раст, со што ризикот од заразни болести во тоа подрачје е значително поголем, се прашуваме зошто се гради објект од ваков тип токму во Лозово, со што дополнително би се зголемиле трошоците за превоз на мршите од пцовисани животни.

Поради ова, го прашуваме господинот Велковски, дали водел сметка за квалитетот на живот, здравјето на граѓаните и последиците кои можат да произлезат, кога прифатил изградба на објект од висок еколошки ризик или фокусот бил ставен само на висината на средствата предвидени за реализација на истиот?

Затоа Јас, и поголемиот дел од граѓаните на Општина Лозово не се согласуваме со локацијата и изградбата на ваков објект во нашата општина од следните причини:

  • -Бидејки е предвидено да се изгради на само неколку метри од домовите на граѓаните и во непосредна близина на Основното училиште М.М.Брицо.
  • -Заради климатските услови во ова подрачје, особено розата на ветрови, кое би довело до ширење на непријатна миризба и канцерогени честички во воздухот, посебно за време на долгите и жешки лета.
  • -Затоа што постои опасност од загадување на плитките подземни води, карактеристични за овој предел.
  • -Поради големата опасност од ширење на заразни болести преку глодари и лешинари кои ке дојдат во контакт со заразените остатоци од мртви животни.
  • -Бидејки постои реален сомнеж за несоодветно менаџирање на објектот, за кое никој јавно не говори и сл. Овој регион е познат по одгледување на житни култури и земјоделски производи кои во моментов се со одличен квалитет и барани на пазарот па затоа не би сакале истите да подлежат на можно загадување од објект кој припага во група на објекти со висок еколошки ризик, со што би била доведена во прашање егзистенцијата на граѓаните од евентуалната намалена побарувачка на земјоделските производи од овој регион!
  • -Дали на Р.Македонија и е потребен толкав објект кој нема да биде рентабилен? Зошто Источна Македонија да добие депонија за мрши, животински отпадоци и убиени заразени животни кои ке се носат од Грција,Бугарија,Косово и Албанија како што изјави директорот на АХВ? 

Зар животот на нашите деца не е повреден од евентуални идни 15 партиски вработувања?! Замислете само една епидемија на Балканот од некоја заразна болест кај животните и кога сите тие треба да завршат во оваа кафилерија?! И што ако истата се прошири и кај нас?!
Затоа го прашуваме јавно господинот Велковски да одговори, кој направи физибилити студија и кој издал одобрение за градба на ваков објект во индустриска зона со Г2 намена(Лесна незагадувачка индустрија)?
Зборувајте отворено! Па нели тоа е во духот на отчетното и транспарентно работење? Нели устата, на сите ви беше полна со пароли за демократија, слобода на говорот и пишаниот збор?! Или можеби некој се срами од изразувањето на сопствениот став, од тоа ,што јавноста ке дознае и на каков начин ги застапувате интересите на граѓаните? 

Господине Велковски ние сме одлучиле да живееме и инвестираме тука и за нас не постои план „Б“ за после две години да си заминеме во Германија како вас !! Можете да им се заканувате на граѓаните и да ги присилувате да ги бришат објавите и коментарите кои се однесуваат на кафилеријата… Можете преку вашиот брат да упатувате уште 1000 навреди кон оние кои свесно размислуваат и не се согласуваат со вас… Можете уште еден куп дисциплински постапки и кривични пријави да поднесете против мене, моето семејство и моите први соработници, но НЕМА ДА НЕ ЗАМОЛЧИТЕ!! НЕМА ДА НЕ ЗАПРЕТЕ ДА ЈА ЗАПОЗНАЕМЕ ЈАВНОСТА СО ВАШИТЕ ЛОШИ ПОЛИТИКИ!!

Прочитана книга сте!!

Повеке не поминуваат кај граѓаните муабетите од типот „ЌЕ“ направиме, „ЌЕ„ средиме, и „ЌЕ“ изградиме!! Денес тоа се поистоветува со купување на време, кое за жал се плаќа со квалитетот на живототите на нашите сограѓани. Нели пропагиравте дека ке бидете отворени за критика, но за жал не видовме ни спремност за критика, уште помалку за самокритика!! „Или си со нас или против нас“ –тоа е политиката што ја водите!!

И сосема за крај би сакале да ве известиме дека Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ преку својата советничка група ке побара референдумско изјаснување за изградбата на Кафилерија во општина Лозово!! Се надеваме дека советниците од редовите на СДС ке бидат конструктивни и ке ја поддржат оваа иницијатива, во спротивно ке бидеме приморани да превземеме порадикални мерки!

И Да…

Зборувајте потивко, да не ја разбудите транспарентноста…

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Кристиан Тимоние на работна средба со претставници на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево
Следна објава Димитар Димовски: "Берово. Местото каде сум роден, каде сум растел и созревал. За мене, најубавото место во светот."
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 436
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 643
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 605
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 698
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 639
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 493
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1492
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 431
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 651
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

1248
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

1985
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Словенските пожарникари денеска гасеа пожар на куќа во Берово. Најдобро да си ги "посвоиме" засекогаш
Регион

Словенските пожарникари денеска гасеа пожар на куќа во Берово. Најдобро да си ги "посвоиме" засекогаш

Авг 12th, 202118
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.