Главни улоги: Зои Левин, Брендан Сканел, Кевин Кејн
Жанр: комедија, драма
Креатор: Рајтор Дојл
Премиера: 24 април 2019
Број на сезони: 1
Времетраење: 15 минути Јазик: англиски
Наша оценка: 7/10

Главниот лик во оваа ТВ серија, Тиф, е доминатрикс. Тиф има способност да ги оживува фантазиите на мажите и жените со садомазохистички сексуални потреби.
Сцените во оваа серија се сликовито претставени, каде се разработуваат голем број сексуални теми. Најважниот момент во дејствието на серијата е повторното поврзување на Тиф (Зои Левин) и Пит (Брендан Сканел), кои биле најдобри пријатели во средно училиште и одново се пронаоѓаат по многу години во Њујорк. Тиф ќе го покани Пит да ѝ помогне во нејзината работа, каде тој неспремен и не доволно информиран ќе прифати , и несвесно ќе стане помошник на доминатрикс.
На овој начин тој ќе открие сосема нова страна од себе, но и ќе се потсети зошто тој и Тиф толку добро се согласувале во минатото. Хумористични , духовити моменти, драма, љубовни сцени ќе го задржат вашето внимание. Симнете ја веднаш првата епизода од Bonding и уживајте во необичниот тек на настани во серијата.


