• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Никола Груевски го демантира Алексис Ципрас

мај 21st, 2019 Македонија, Политика, Став коментари 1120

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Никола Груевски го демантира Алексис Ципрас

Во врска со изјавата за Financial Times на грчкиот премиер Алексис Ципрас, во која посочува дека јас како премиер никогаш не сум сакал да разговарам за изнаоѓање решение за прашањето кое Грција веднаш по независноста го отвори во врска со нашето уставно име, сакам да посочам дека всушност г-дин Ципрас никогаш не предложил такви разговори кои јас сум ги одбил.

Впрочем, пред неговото доаѓање за премиер, водев интензивни разговори со г-динот Папандреу со кого имавме 10 лично средби по ова прашање, но за жал заради познатите грчки позиции или црвени линии како што тие ги нарекуваа, не дојдовме до решение, кое подоцна би го предложиле на граѓаните на референдум. Крајот на мојот мандат и почетокот на мандатот на Ципрас се поклопија само една година, а тоа беше од почетокот на 2015 до почетокот на 2016 година.

Со г-динот Ципрас се сеќавам на само две меѓусебни комуникации. Првата, кога по неговиот избор за Премиер на Грција, некаде во февруари 2015 имав телефонски разговор на мој повик чија цел беше да му ја честитам функцијата премиер и да воспоставиме првична комуникација и обид за соработка. Во тој разговор, јас нему, а не тој мене, му предложив оној момент кога ќе биде подготвен да се сретнеме и разговараме за наоѓање решение по однос на прашањето заради кое Грција ги блокираше нашите европски и евроатлантски интеграции, посочувајќи дека времето и местото за средба може тој да ги избере. Неговиот одговор беше формално гледано позитивен и рече дека штом ќе биде во можност ќе ме побара за да разговараме за тоа прашање. Никогаш потоа не се јави.

Главно заради две причини.

Првата, затоа што реално 2015та година Грција беше во длабока економска и финасиска криза и негов врвен приоритет беше справувањето со таа криза која бурно започна во 2008 година. Сите премиери и водачи на земјите од ЕУ и пошироко имаа разбирање за неговата нефокусираност и незаинтересираност за изнаоѓање решение со нас во едно такво време, бидејќи и за нив и за нивните банки кои позајмуваа на Грција финасиската криза во Грција им беше далеку поприоритетна. Впрочем, политичката атмосфера во Грција во таа година исполнета со секојдневни масовни протести и демонстрации, некои од нив со по 250.000 граѓани пред парламентот, мотивирани од катастрофалните трендови во економијата и на животниот стандард, не оставаше надеж дека тој има време и политички простор да решава други крупни прашања. Во таа година откако беше назначен во февруари, имаше референдум во јули, губење на мнозинството во август и избори во септември, качуваа даноци, смалуваа плати и пензии, добиваа спасувачки пакети тешки стотици милјарди евра, се справуваа со ММФ, ЕЦБ и ЕК по тие прашања и очите на целиот свет беа вперени во нив заради финасиската криза која се рефлектираше на останатиот свет. 
Ципрас трчаше помеѓу Москва, Берлин и Вашингтон да бара решение за финасискиот колапс, примаше честитки од Фидел Кастро за победата на големото ,,ОХИ,, на референдумот кое кратко потоа беше принуден да го напушти, се справуваше со секојдневни штрајкови на земјоделците, синдикатите и народот генерално, а во еден момент мораа да запрат со работа сите банки во Грција. 
Кога истата година на една средба со претседателот на Европскиот совет Ван Ромпуј во Брисел замолив за поголем ангажман од Унијата и него лично да се изврши притисок врз Грција да го реши спорот со нас и да не деблокира за нашите стратешки интеграции, по молчење и размислување од неколку секунди мошне искрено ми одговори отприлика вака: ,,доколку некој висок политичар во светот, во овој период ви вети дека ќе се заложи за ова Ваше барање, знајте дека не е искрен со Вас. Затоа што наш клучен приоритет е како да се стабилизира финасиската криза во Грција и да почнат да си ги враќаат долговите кон нас. И доколку има најмал простор за притисок во овој период, верувајте дека ќе биде искористен во правец на мерките за финасиска стабилизација, а не за ова прашање. Вие имате два избора: или да ги прифатите сите грчки услови и барања и така да излезете од проблемот или да почекате,,.

Втората причина заради која Ципрас не се одзва на мојот повик за разговори околу прашањето кое не блокираше е затоа што на почетокот на 2015 во Македонија започна политичката криза и толку видливата операција во обид за промена на владата заради промена на името, со што г-дин Ципрас сосема логично одлучи дека е подобро да го почека расплетот на кризата и евентуален успех на зацртаната цел на таа операција, што за неговата земја ќе значеше, како што и подоцна се случи, доаѓање на нова влада во Македонија која однапред ќе има дадено согласност и даден збор дека доколку биде инсталирана ќе ги прифати грчките позиции и на тој начин со привиден и одглумен компромис и преговори, ќе се затвори прашањето целосно во грчка полза. Едноставно тој процени дека ако почека, може ќе има далеку за нив подобар соговорник кој е спремен на далеку поголеми остапки во однос на националните прашања, името, идентитетот, историјата…

Втората комуникација меѓу мене и г-дин Ципрас беше кратка и неформална за време на приемот на Претседателот Обама во Њујорк по повод одржувањето на генералното Собрание на ООН, кога кратко и неформално во една коктелска атмосфера неколку минути разговаравме со г-дин Ципрас и тој разговор во делот на прашањето на името беше сличен како првиот, во смисла дека се согласува дека треба да се реши прашањето и дека ќе се јави да разговараме. 
Всушност, купуваа време и чекаа други попогодни за нив преговарачи од македонска страна.

Според ова, Грција никогаш од моја страна немала проблем за средби и разговори, напротив ние сме ги поттикнувале, бидејќи сакавме да најдеме компромис со кој ќе се деблокираат нашите интегративни процеси за членство во НАТО и ЕУ.
Она што беше реален проблем е што ние не сакавме да прифатиме договор со толку големи остапки по националните интереси какви што Грција бараше и не условуваше.

Впрочем самиот г-дин Ципрас во истото ова интервју за Financial Times јасно и мошне искрено кажува дека не беше проблемот само околу името, туку и околу идентитетот и историјата.

За жал не само намерите, туку и јавните настапи на владата на СДСМ по нејзиното инсталирање во мај 2017, воопшто не беа во правец на градење добри позиции на државата за преговори. 
Токму тогаш,средината на 2016 година Грција прогласи крај на финасиската криза и дојде во ситуација да може да си ги сервисира долговите, а со тоа дојде и времето кога можеше да се смета и на поширок меѓународен притисок кон нив по ова прашање.
Новата македонска влада наместо да ја искористи таа нова ситуација, уште во првите денови јавно во медиумите нејзините челници изјавуваа дека -цитирам: ,,по секоја цена,, мора да го решат ова прашање при што и самите јавно си даваа временски рокови помеѓу 6 месеци и една година. Кој и да беше на местото на г-дин Ципрас во една таква околност ќе побараше остапки од соговорникот кои претходно не ги планирал или очекувал да ги добие, бидејќи другата страна, македонската страна, јасно кажа: ,,по секоја цена,,. 
Кога некој ќе каже јавно пред да започнат преговорите дека нешто сака да добие по секоја цена, а утредента оди на божемни преговори тогаш нормално е цената на она што се сака да се постигне, деблокадата во случајот, силно да порасне и нормално е другата страна да ја прифати и плати.

Г-дин Ципрас, краткорочно и среднорочно гледано, има голема причина да е среќен и задоволен од овој договор во Преспа. Од долгорочен аспект, ако воопшто тоа му е важно, има само една слабост, а тоа е дека тие премногу добија како нација, а ние како нација премногу изгубивме со содржината и остапките во овој договор. 
При такви екстреми, историски гледано, другата страна која е толку силно уценета, поразена и понижена, по некое време, кога некои околности ќе се променат, колку и да е тоа долго време подоцна, има силен нагон и потреба на еден или друг начин да го поврати загубеното.

Затоа, за трајно решение во вакви децениски спорови, за решение со долгорочна одржливост, подобро е за двете страни ако се постигне разумен компромис, по правичен компромис, одколку вакво ,,виткање рака,,.

За да биде вечен договорот и компромисот.

Кога се ќе добиете, жарот останува да гори кај оној кој се загубил и никогаш не сте сигурни кога тој жар нема да се распламти и прашањето повторно да се отвори, а проблемот да се врати на маса.

Јас се трудев да постигнеме одржливо и многу по праведно решение со кое двете страни ќе можат засекогаш да живеат, да бидат блиски и да се почитуваат.

Децениите пред нас ќе покажат, кој бил во право.

Никола Груевски на фејсбук

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Иван Јорданов: Во 2019 може да го прогласиме Штип за град кој стагнира
Следна објава Почуствувајте ја женската енергија преточена преку магична музика
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 532
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 510
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 516
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1162
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 495
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 562
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 301
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 382
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 527
Жена на денот
Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд

Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд

1026
Маж на денот
20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

1574
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.