Во супер финалето на „Ѕвездичките на Пинк“ во кое учествуваше и нашата Антониа Гиговска во тек на целото шоу ги оставаше без збор членовите на жирито и предизвикуваше преголема емоција на сите кои беа дел од нејзините настапи и нејзиниот ангелски глас.
Антониа најпрвин се претстави со евровизиската песна „Proud“, а потоа и со песната „I’ll Never Love Again“ од оскаровскиот филм „A star is Born“.
За жал иако песните звучеа одлично и ги воодушеви сите, Антониа не стигна до победата и вечерта ја заврши во вториот круг, а победата ја однесе Сергеј Пајиќ.
Во продолжение погледнете како изгледаше Антониа на настапите.


