Денеска на својот прв работен ден како Амбасадор на САД во Македонија пристигна Кејт Брнс заедно со нејзиниот сопруг Лери Скот Гејџ.
Кејт Брнс е постар ветеран со 26 годишно искуство во американската дипломатија. Таа е типичен дипломат со импресивна дипломатска кариера на различни позиции во Американскиот Стејт Департмент.
На оваа позиција Кејт Брнс доаѓа по шпекулативната улога на Амбасадорот Џес Бејли во чиј што мандат во Република Македонија, државата го промени своето име и идентитет и покрај неуспешниот референдум за промена на името на 30-ти септември 2018 година.
Претходно Кејт Брнс во периодот од 2017 до 2019 година беше заменик шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Атина.
Предавањето на акредитивите на американскиот дипломат кај Претседателот Пендаровски се очекува да биде во текот на неделата


