Денеска во своја колумна Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски прави сублимат на трите години голгота за Македонските граѓани во Македонија под палката на Зоран Заев.
Осврнувајќи се на 50-минутното обраќање на Зоран Заев по скандалот со неговиот разговор со руските пранкстери Мицкоски напиша:
Пранкот врз премиерот го откри „гангот” кој управува со државата.
Ако некој пропуштил некоја епизода од оваа тригодишна голгота низ која минува земјава, доволно е да ја чуе онаа скратена лекција на 50-минутно соголување и сета немоќ на оваа власт. Со егзалтирачкото незнање на оној кој треба да ја води владата, со препелкањето кое раѓа чувство на срам поради туѓиот срам, но и со мачнината која ви вели доволно е човеку не продолжувај повеќе, допрено е дното. Но, за жал со СДСМ дното нема крај. Со секој нов ден и нов скандал тие докажуваат дека тоа е бесконечно, слично и на онаа реченица на Ајнштајн кој вели дека разликата помеѓу глупавоста и генијалноста е тоа што ова второво за разлика од првото има крај.
За намерите за поткупување на вселенскиот Патријарх од страна на Зоран Заев, Претседателот на опозицијата вели:
Одекнуваат оние зборови од снимката со божемниот Порошенко, каде Заев од прва прифаќа подмитување „да да, тоа е нормална работа, во кеш секако“, ќе рече Заев. И одбраната за ова е дека Заев бил непоправлив филантроп кој донирал многу, како што е во случајот со црквата во Струмица. И навистина тоа е проблемот, што Заев навистина работи како случајот евро за евро. Настрана помислата дека може да се купи автокефалноста на МПЦ-ОА и навредата за Вартоломеј, загрижувачка е леснотијата со која се впушта во подмитување. Имаме премиер кој за 5 секунди обезбедува „донации“ под рака од 100 илјади евра и се впушта во тоа како да се 100 денари. Ова покажува дека секојдневието му е такво.
Да не говорам што загрозува стратешки пријателства, и поседува страшна наивност која е загрижувачка. Тоа може и синтетизирано да се види во неколку реченици кога божемниот Порошенко ќе му пренесе поздрави од наводен разговор со Вес Мичел, а овој за возрат воодушевено ќе му го даде телефонскиот број од Мичел без двоумење.
Притоа со поента за реалноста во која живеат Македонските граѓани подф чизмата на Зоран Заев, Мицкоски напиша:
И веројатно осилен, мислејќи дека се дотолку средени работите, што блескаме во секое поле, не гледа дека државата е потопена во криминал и сиромаштија. Практично станавме земја каде се закажуваат секојдневно термини за да се објавуваат скандали и афери. Скоро и да нема првенец во власта кој не е посипан со неколку афери, матни тендери или криминални зделки. Афери колку сакате, ама правда никаде. Обвинителството исто како и судството имаат подеднаква вина во негувањето на криминалот на власта. Па така има јавно признание од премиерот дека градоначалничка добила понуда за спорна пренамена на земјиште. Поминаа недели, обвинителството не ја има ниту прашано градоначалничката да каже еве кои се тие луѓе кои ѝ барале незаконска пренамена на земјиште. Советник од Министерството за финансии кажа дека имало криминални тендери, за да потоа во втора изјава каже дека тоа е еден вицепремиер. Го викна ли некој екс-советников да каже кои се тие криминални тендери и на што ги должат ваквите тврдења?
Целата колумна со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, насловена како Заробена држава може да ја прочитате тука.


