• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски документи

ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ (Дел 1) – симбол на Македонскиот непокор

август 1st, 2019 Историски документи, Македонска бесмртност коментари 2517

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ (Дел 1) – симбол на Македонскиот непокор

Илинденско востание е востание на македонскиот народ против османлиската власт. Конгресот на Македонската револуционерна организација, одржан во Солун, донел одлука напролет да се крене оружено востание при што започнувањето и водењето на востанието им биле препуштени на окружните комитети. Конгресот на Битолскиот револуционерен округ, одржан во Смилево, одлучил да се крене општо ослободително востание и избрал Главен востанички штаб на Битолскиот револуционерен округ (во состав: Дамјан Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев), кој донел одлука востанието да започне на денот Свети Илија, 2 август 1903 година (нов стил).

По започнувањето на востанието, Задграничното претставништво на Организацијата во Софија им предало на владите на европските големи сили Декларација со која биле известени за неподносливата експлоатација и за жестокоста на режимот на османлиската држава кој не ги почитувал елементарните права признаени на македонскиот народ со Берлинскиот договор. Од нив се барала ефикасна интервенција за да се присили владата на Турција, како единствено одговорна за воениот конфликт, да ги изврши преземените обврски и на Македонија да ѝ даде автономија.

Востаничките сили презеле нападни дејства во сите востанички реони. Востаниците од Крушевскиот востанички реон со концентриран напад го ослободиле Крушево. Во Костурскиот востанички реон биле ослободени поголемите населени места Невеска и Клисура, a во Леринскиот, Охридскиот, Преспанскиот и во Кичевскиот револуционерен реон се воделе жестоки борби.

Во ослободеното Крушево била создадена Крушевската република, со Совет и со Привремена влада, избрани од народот. Привремената влада имала ресори: за внатрешни работи, за финансии, за исхрана, за изградба и за санитет. Посебните дејности ги извршувале специјални служби: за обезбедување и градење опкопи за заштита, за поправка на оружјето и за производство на воени материјали, вклучително и црешево топче. За одбрана Привремената влада извршила мобилизација на машкото население способно за борба и презела мерки за заштита на муслиманските семејства на избеганите државни службеници и на нивните имоти, обезбедувани од Востаничкиот штаб. Во селата со муслиманско население бил упатен повик, познат како Крушевски манифест, во кој се соопштувало дека македонскиот народ се кренал на оружена борба против тиранската власт и насилниците, а не против сиромашното муслиманско население, дека востаниците не се разбојници, туку револуционери па затоа тоа да не се плаши, да остане мирно и дека во автономна Македонија сите ќе имаат еднакви права и слободи.

Во другите револуционерни окрузи (Солунскиот, Серскиот и Скопскиот), востанието имало карактер на герилско војување. Биле активирани сите вооружени чети кои вршеле напади на воените цели: гарнизони, стражарници и други цели, како и на стратегиските објекти: патиштата, железничките линии, телефонските и телеграфските инсталации. Со нивното дејствување била опфатена целата територија на Македонија и со тоа Илинденското востание добило карактер на општонародно востание.

Во Битолскиот револуционерен округ, каде што востанието било најмасовно, била извршена мобилизација на голем дел од боречкото население. Востаничкиот штаб им предал Меморандум на дипломатските претставници со протест поради варварските постапки на регуларните единици на војската, против палењето и разурнувањето на селата и масакрирањето на неборечкото македонско население.

Во Одринскиот револуционерен округ востанието избувнало подоцна. По Конгресот на Петрова нива Михаил Герџиков се вратил за неколку дена во Бугарија и телеграфски побарал од ЦК да се одложи денот на востанието. Му одговориле дека востанието може да се одложи најдоцна за 20 јули, Илинден. Герџиков се вратил во Странџа кај своите другари од штабот, Лазар Маџаров и Стамат Икономов на кои им го објавил резултатот. Со нив бил и секретарот Христо Силјанов. Сите тие заедно решиле сами да го продолжат рокот за уште 15 дена, до 6 август – Преображение, за две причини: да се подготват подобро во борбите и да го користат случајот кога турските војници, кои биле концентрирани кон нивниот крај, ќе бидат испратени да го задушаат македонското востание, па тогаш со нивната акција да ги разделат и ослабаат. Сепак, тој факт не попречил востанието во Тракија да биде подолготрајно од востанието во Македонија.Таму востаничката власт потоа ја формирала Странџанската комуна, која ја опфаќала територијата меѓу Мало Трново и Василико.

Европските големи сили имале свои интереси во османлиската држава и во регионот, биле против оруженото востание во Македонија и Одринско и за зачувување статус кво. На Владата на Турција и дале полна слобода да ги употреби сите потребни сили и средства за задушување на востанието. А соседните балкански држави биле исто толку заинтересирани за ликвидирање на востанието и за уништување на Македонската револуционерна организација, стравувајќи од интервенцијата на силите за давање автономија на Македонија.

Во такви услови, при целосна изолираност и во непријателско окружување од соседството, македонските и одринските востанички сили опстоиле до пред крајот на 1903 г., спротивставувајќи им се на огромната модерно вооружена регуларна армија и на нерегуларните воени формации, кои примениле тактика на тотално уништување на македонските села, материјалната база и борбената резерва. По повеќемесечни борби, за да се поштеди народот од натамошни репресалии, Востаничкиот штаб издал директива за запирање на Востанието.

Извори:
1. Стојчев, Ванче (2000). Воена историја на Македонија. Скопје: Сојуз на друштвата на историчарите на Република Македонија : Воена академија “Генерал Михаило Апостолски”. стр. 483. ISBN 9989776075.
2. Македонска енциклопедија
3. Михаил Герджиков, Защо Преображение, а не Илинден? (Бегла историческа бележка), Михаил Γерджиков и подвигът на тракийци 1903 г. съст. Надежда Недкова, Евдокия Петрова.
4. Д. Димески, „Солунски јануарски конгрес на македонската револуционерна организација 1903 година“, ГИНИ, бр. 2, Скопје 2001.
5. Ванчо Ѓорѓиев „Слобода или Смрт: македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 – 1903 година“, Скопје, Институт за историја – Филозофски Факултет, 2003.

Превземено од: По патот на Македонската историjа

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Илинденска годишна средба на делчевците од странство во Делчево
Следна објава Вистинско предилинденско изненадување: "Македонија засекогаш"- нова песна на делчевското рок дуо Ајга
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 650
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 1012
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 1013
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 659
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 635
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 857
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 650
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1119
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 590
Жена на денот
Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

1393
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1973
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1483
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.