• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Магазин

30 правила за исхрана од Евгенија Петерсон, жената која живеела 103 години

август 11th, 2019 Магазин коментари 1003

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
30 правила за исхрана од Евгенија Петерсон, жената  која живеела 103 години

Евгенија Петерсон , позната како Индра Деви, била учителка по јога. Таа помогнала да се популаризира јогата во Америка преку нејзините многу славни ученици во Холивуд.

Родена е во Рига, Латвија, ќерка на Васили Петерсон, директор на Шведска банка и Алехандра Лабунскаја, руска благородничка, Евгенија присуствувала на драмското училиште во Москва како девојче и избегала во Берлин со нејзината мајка, кога пристигнале  болшевиците на власт во 1917 година. Во Берлин, таа станала актерка и танчарка.

 Индра Деви, станала првата жена која ги открила тајните на јогата на Европа и Америка. Во текот на нејзиниот долг живот, таа го променила нејзиниот животен стил неколку пати – од побожна жена, па сè до духовен водач.

Евгенија го пропатувала целиот свет, зборувала 12 јазици и живеела во три држави – Русија, Индија и Аргентина.

Таа станала првата личност од Европа која самостојно почнала да подучува хинду јога. По смртта на нејзиниот сопруг, се преселила во Калифорнија и отворила студио за јога, што ѝ помогнало да стане позната помеѓу холивудските ѕвезди. Некои од нејзините ученици биле и Мерлин Монро, Грета Гарбо, Рита Хејворт и Глорија Свенсон.

Пишувала и книги кои станале бестселери во САД, а во нив ги опишувала своите принципи за исхрана до кои се придржувала. Па, погледнете ги нејзините 30 правила за исхрана и долг живот.

1. Никогаш не пијте вода со мраз, особено кога јадете, бидејќи тоа ја попречува природната циркулација на желудочните сокови и пречи при варењето. Навиката за пиење вода со мраз е американски национален грев против здравото варење.

2. Наутро и навечер пијте чаша свежа вода на собна температура. Можете да додадете и малку лимон. Топлата вода или билниот чај со мед или лимон, за време на летото е освежувачки.

3. Пијте 5 до 8 чаши вода дневно. Покрај воздухот, водата е витална за нас. 80% од нашето тело се состои од вода. Во текот на денот исфрламе околу 2,5 литри вода. Недостатокот од вода често предизвикува констипација, проблеми со дебелото црево, дисфункција на црниот дроб и бубрезите и проблеми со цревата.

4. Немојте да пиете вода за време на оброкот, туку половина час пред, или 2-3 часа после оброкот за да не го нарушите процесот на варењето.

5. Пијте вода со мали голтки, а не одеднаш.

6. За да се ревитализираат елементите изгубени за време на течењето на водата, треба неколкупати да ја префрлите водата од еден сад од друг. Оваа вода има засилувачки и стимулирачки ефект кој не постои во „мирната“ и „безживотна“ вода.

7. Поздраво е да јадете овошје отколку да пиете овошни сокови.

8. Природните сокови правете ги од морков, ротквици, цвекло и слично. Додајте и малку зеленило.

9. Алкохолот, чајот, кафето, какаото и чоколадото не се препорачуваат, бидејќи имаат кофеин и стимуланси.

10. Млекото е храна, а не течност. Би требало да се пие со мали голтки, во спротивно ќе предизвика проблеми со варењето.

11. Нашето тело не се храни со храната којашто ја консумираме, туку само со храната што може да ја апсорбира.

12. Внимателно одбирајте ја најпогодната храна. Исто како што одбирате, фустан, шешир или вратоврска. Прво треба да експериментирате – пробајте разни намирници и разни комбинации за да ја откриете исхраната што најмногу му одговара на вашето тело.

13. Избегнувајте ги сите „безживотни“ производи – конзервирана храна, бело брашно, рафиниран шеќер… Јадете кафеав ориз, брашно од цело зрно, кафеав шеќер или мед. Не препуштајте им се на слатките, колачиња или оцетот.

14. Темелно џвакајте ја храната, особено онаа што е богата со скроб, така што доволно ќе ја натопите со плунка. Во спротивно, скробот нема да се претвори во гликоза, ќе се таложи во стомакот и таму ќе се распадне за неколку часа.

15. Препечениот или бајат леб е поздрав од свежиот. Немојте да пиете ништо додека јадете, за плунката да може да го преработи скробот.

16. Немојте да јадете повеќе од еден вид храна богата со скроб одеднаш. На пример, доколку јадете ориз, немојте да јадете и леб, компир, тестенини и слично.

17. Доколку сте загрижени за силна перисталтика, препорачливо е да направите план за исхрана така што нема да консумирате скроб и протеини заедно, особено со продукти што содржат сулфур, како грашок, зелка, карфиол, јајца и слично.

18. Не фрлајте ја водата во којашто сте вареле зеленчук. Можете да ја користите како додаток за супи или да ја пиете. Најкорисна е водата од компири.

19. Не фрлајте ги врвовите од морковите, ротквицата, пашканатот и слично. Сварете ги и искористете ги за супа.

20. Зеленчукот треба да се приготвува во малку вода на слаб оган. Уште подобро е да го приготвувате без вода, во сад за пареа.

21. Избегнувајте ја пржената храна бидејќи се апсорбира бавно. Мастите последни го напуштаат телото.

22. Сите животински масти, како оние во маргаринот, јајцата, путерот и млечните производи го зголемуваат нивото на холестерол во крвта и се таложат на телото.

23. Најмногу холестерол има во мозокот, жолчките и дробот, а најмалку во млекото, свежото сирење и рибата.

24. Секоја храна богата со животински масти е опасна. Големиот процент масти и нискиот процент протеини го спречуваат делувањето на ензимите.

25. Не заборавајте дека кога станува збор за исхраната, не е важен само бројот на консумираните калории или масти, туку и составот на овие масти.

26. Секое загревање на храната која содржи какви било масти, вклучувајќи ги растителните, ја прави храната непогодна за јадење. Истиот ефект се добива и доколку повторно го употребувате истото масло или кога пржете храна.

27. Најважното правило нема врска со количеството и квалитетот на храната, ниту со начинот на готвење. Најважен е вашиот став кон храната за време на оброкот.

28. Процесот на јадење треба да биде бавен, да ви причинува задоволство и да се одвива во пријатна атмосфера.

29. Храната апсорбирана под стрес, иритација или лошо расположение предизвикува токсични промени во телото. Затоа, најдобро е воопшто да не јадете во ваква состојба, туку да почекате да ви се подобри расположението.

30. Обидувајте се да избегнувате непријатни разговори околу храната. Добро поставената маса го прави оброкот попријатен, исто како и насмевката или веселиот разговор. Благословете ја вашата храна и дозволете ѝ да ви донесе радост.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Пробајте го овој трик, и засекогаш ослободете се од пајаците во вашиот дом
Следна објава На наплатна рампа во Гостивар откриени наpkодилеpи, се врши претрес на возила
Може да Ве интересира:
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Забава

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

октомври 18th, 2022 658
Револт со нов видео спот за песната "Европа"
Забава

Револт со нов видео спот за песната "Европа"

септември 17th, 2022 564
Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...
Забава

Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...

септември 1st, 2022 612
Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022
Забава

Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022

август 29th, 2022 715
Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите
Магазин

Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите

август 9th, 2022 691
Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип
Забава

Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип

јули 31st, 2022 675
Ова ли е тоа "бекап на податоци"?
Магазин

Ова ли е тоа "бекап на податоци"?

јули 31st, 2022 674
Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година
Забава

Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година

јули 19th, 2022 605
Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор
Забава

Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор

јули 19th, 2022 699
Жена на денот
Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

1143
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1911
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 778
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202236
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st, 202224
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.