На 02.10.2019 година во среда со почеток во 19:00 Часот во Домот на Културата во Виница ќе се одржи Интернационална вечер на хумор, сатира и карикатура.
Во еден ден посетителите на оваа установа ќе можат да присуствуваат на:
– Изложба на карикатури од Никола Драгаш
– Промоција на книга афоризми „Женско писмо“
– Промоција на книга афоризми „Трагачи по парадокси II“ петта книга од Едицијата Балканска сатира на Фестивалот за хумор и сатира „IN VINICA VERITAS“
Потоа со почеток во 20:00 часот ќе се прикаже Монодрамата „Моји љубавни јади“ во изведба на театарот „Бора Станковиќ“ – Врање, од Србија.
Продукција: Театар -Бора Станковиќ- Врање, Србија
Име на претставата: „Моите љубовни јадови“
(За животот на колекционерката на бидермаери)
Tекстот е по мотиви од книгата „Белешките на еден ерген“ на Александар Стојадиновиќ а адаптацијата и режијата е на Иван Томашевиќ
Изведба: Жетица Дејановиќ
Кратко за претставата:
Оваа претстава на духовит и интересен начин го опишува животот на една жена во поодминати години, која е во потрага по маж. Дава се од себе да го најде, ама тој секогаш успева некако да и побегне. Таа себе се нарекува „прабабадевојка“, оди по свадби кај пријателките, собира бидермаери, знае и да запее од тага ..


