• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

Спомени на Дамјан Груев: Фељтон во 6 дела- Дел Први: Предговор

септември 29th, 2019 Историски личности, Македонска бесмртност коментари 1004

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Спомени на Дамјан Груев: Фељтон во 6 дела- Дел Први: Предговор

На 23 декември 1926 година се навршија дваесет години од смртта на Дамјан Груев, што јуначки загина во борбата со турската потера над село Русиново во Малешевско. Изминатите две десетлетија се доволни за да можеме веќе со поголема објективност да дадеме оценка на Груев како човек и како деец на македонското ослободително движење, чии основни начела ги постави тој. Неоспорно е дека Груев останува во историјата на македонската ослободителна борба како нејзин прв инспиратор и генијален организатор. Во тој поглед тој ќе заземе истакнато место, напоредно со великите организатори на ослободителните востанија на потиснатите народи што копнеат за слобода. Величината на таквите народни водачи не се мери според постигнатите реални успеси, туку според силата на нивниот дух и на нивната способност да им влеат толку силна вера на народните маси за правината на нивните најскришни копнежи, така што да станат способни за херојски подвизи. Токму тоа го постигна мошне скромниот Дамјан Груев, имајќи ги предвид уште поскромните средства со кои се служел, поставувајќи ги основите на Внатрешната македонска револуционерна организација. Нема сомневање дека меѓу неопходните квалитети кај еден вистински апостол на велика народна идеја, првенствениот и главниот е во тоа не само тој да биде од се срце и душата предан на идејата, туку и да е подготвен секој миг и животот да си го даде за неа. А таков вистински апостол на македонската револуционерна идеја беше Дамјан Груев. Тој самиот најдобро си дал карактеризација, кога на уште непосветениот во делото Иван Гарванов, – како што раскажува последниов во своите спомени, – пред да му објасни во подробности во што се состои задачата на Внатрешната револуционерна организација, најпрво му го поставил прашањето: „Дали си подготвен да умреш за Македонија?

Во длабоката чиста вера на Груева во светоста на ослободителната идеја, за која македонските Бугари масовно се кренаа против Турците, и жртвуваа мило и драго без да ја постигнат целта, се објаснува навидум чудниот факт дека истите востанати селани и потем страшниот погром, што им се случи во есента 1903 год. продолжуваа, сред своите опожарени домови, потиснати и гладни, да го прифаќаат Груев, да го кријат од турските власти, и наспроти очигледниот ризик за својот живот и дури уште да ги послушаат неговите совети и да ги извршуваат.

Така Груев, и по несреќниот крај на Илинденското востание, во очите на населението остана негов почитуван апостол, и зимата по востанието ја поминува меѓу народот во Битолско, дури и во самата Битола. Во делото на реформите, за кое тогаш почнало да се прикажува од европската дипломатија, Груев со право согледувал резултат на моралниот успех на македонското востаничко движење, и се трудел, укажувајќи му на народот идни посреќни перспективи, донекаде да го ободри и да го теши. Останат докрај и наспроти несреќите оптимист, есента 1904 год. Груев за кусо време се префрли и во Софија. Тогаш јас го искористив случајот, та го наговорив да се согласи да ги запишам неговите спомени за неговата дотогашна револуционерна дејност во Македонија. Познавајќи ја, од една страна, неговата скромност, а од друга страна не особено наклонетото за таква работа настроение по жалниот крај на востанието, и уште мошне нејасната иднина, допуштав дека тој ќе ме одбие, како што тоа го стори Пере Тошев, кој навистина вети да ми раскаже за својата дејност, но не го исполни ветувањето, и си замина без и да ми се јави. За среќа, сепак Груев, откако извесно време поболедува и се готвеше да се врати пак во Македонија, најде време и за мене. На 18 јануари 1905 год. (по стар стил) вечерта дома кај мене до доцна, до глуво доба – преседавме и ја запишав првата половина од неговите спомени, што тука ги објавувам. Втората средба се одржа вечерта на 19 јануари, како што е и запишано во моите записи. Успеавме да стасаме до крајот на Илинденското востание. Требаше да се сретнеме барем уште еднаш, за кое Груев даде согласност, но тоа да биде понатаму, по потребно одложување поради некоја негова неодложна работа. А тогаш пак јас трошка се разболев, и додека бев уште во постела, ненадејно дојде Груев да ми каже дека за жал морал веднаш да си замине, па дошол да се збогуваме. Ми го даде за спомен својот портрет, со свој потпис, и дата 4.4.1905 год. Ми беше јад што така неочекувано се разделуваме. Му посакав среќа и скоро видување пак во Софија. Не го видов веќе. На 23.12.1906 година се разнесе жалната вест за неговата смрт.

И така раскажувањето на Груев остана недовршено, за неговата дејност во Македонија по Илинденското востание. Освен тоа, раскажувањето е и мошне кусо. Груев избегнуваше подробности, велејќи дека кога би се впуштал во нив, нашата работа би се одолжила многу, па и не се сеќавал за се што поодделно би заслужувало да се одбележи – толку многу преживеал во текот на тоа, иако релативно кусо време, откако датира неговата дејност во Македонија. Тој слабо се сеќаваше за дати, со мака се потсетуваше да ја уточни понекогаш дури и годината, – спомените му беа преплеткани, особено за првите години. Јас не се осмелив мошне да настојувам, бидејќи сметав дека и ова, иако е накусо, но во сврзан ред, што ќе го имаме од него, ќе претставува скапоцен материјал кога веќе нема попотполни податоци. Се разбира, допуштав дека и со него, како и со сите истакнати револуционери, секој час може да се случи некоја несреќа. И навистина стана така, па запишаниве од мене куси податоци за животот и неговата дејност, сега претставуваат единствената, иако недовршена автобиографија на овој велик Македонец. Недоискажаното од него ќе може да се дополни, а исто ќе можат да се приберат и значителни подробности според спомени од други дејци, со кои Груев заеднички работел и лично се среќавал со нив.

Софија, 1. 1927

Љ.М.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува нападите врз медиумите, нападите врз слободата на говорот
Следна објава За ВМРО-ДПМНЕ ОК ПРОБИШТИП 30-ти септември е еден од најсрамните денови во поновата Македонска историја.
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 529
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 888
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 912
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 563
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 566
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 797
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 584
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1005
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 537
Жена на денот
Интересни факти за Лара Фабијан

Интересни факти за Лара Фабијан

821
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1911
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 778
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202236
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.