Премиер на Италија е Џузепе Конте, држава која од 1945 г .имала повеќе влади отколку изминати години до денес. Конте/контеса/ означува “”ноќна птица” Каков е тој незнам, но не ми е јасно колку тој е при себе и веројатно нас не’ замислува дека сме од џунглите на подсахарска африка.
Вели дека ке свикал лидери во ноември и ке му кажел( убедел) МАКРОн дека грешил и дека ке треба да ја исправи грешката према РСМ. Конте бе, жити тебе кажи како ке го изведеш ова? Веројатно МАКРОн, откако ке те слушне, силно ке се удри по чело (меѓу рогови) и ке рече”да си ибам тоа умот, стварно сум погрешил!” Потоа ке клекне на колена пред Заев и ке го моли за прошка.
Нормално, Заев, како човек кој сё дава, ке му рече “простено ти е од мене и од бога”.И така конечно ке ке го добиеме тој фамозен ДАТУМ! Да не е смешно, би било многу жално. Уште колку КОНТИЊА до 12.04.2020 (ако воопшто има избори) ке се изредат со “генијални” предлози, идеи и слично а се со цел да се држи високо на површина дека само што не сме го добиле датумот. Ах тој проклет датум, кој во суштина не значи ништо, зошто Турција датум има од пред 30 години.
Пишува: Крум Николовски


