• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Хроника

Во срцето на Мијачијата во Ростуше, Ѓорѓија Пулевски стана Хајан Селмани

ноември 23rd, 2019 Македонија, Хроника коментари 888

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Во срцето на Мијачијата во Ростуше, Ѓорѓија Пулевски стана Хајан Селмани

Советот на Општина Маврово – Ростуше донел одлука Основното училиште во селото Ростуше да се преименува од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во ОУ „Хајан Селмани“.

– Одлуката е донесена по предлог и иницијатива на советот на родители и училишниот одбор, информираат од Општината Маврово-Ростуше.

Бизнисменот и мотивациски говорник Хајан Селмани, по потекло од селото Велебрдо, почина во септември годинава, на 33 годишна возраст. Тој беше претприемач во ИТ секторот, сопственик на ИТ компанијата Хаселт.

На ваквата постапка реагира Месната заедница на селото Ростуше со свој допис до јавноста во кое ги појаснуваат состојбите.

„Пред месец и половина, низ медиумите и социјалните мрежи, се појави иницијатива за промена на името на основното училиште во Ростуше од Ѓорѓија Пулевски во Хајан Селмани. Иницијативата беше преточена во онлајн анкета по чие спроведување на седница на Советот на Општина Маврово и Ростуше, на крајот на октомври, беше усвоена одлука за преименување на училиштето. Одлуката има формални недостатоци (предлогот за нејзино донесување не е поднесен од овластен предлагач согласно Законот за локална самоуправа, анкетата не е спроведена, односно не е поддржана од потребен број избирачи од општината[1]) поради кои имаме намера да ја оспориме, меѓутоа, тоа не е суштината.

Во суштина сме вознемирени од идејата ова училиште, во центарот на Мијачијата од каде што потекнува Пулевски да се лиши од неговото име. Истовремено, убедени сме дека соодветна институција или објект треба да го носи името на Хајан Селмани.

Во оваа смисла, би сакале да кажеме збор-два за тоа кои се личностите чии имиња се спомнуваат и кое е нивното значење.

Ѓорѓија Пулевски веројатно е фигура која како ниедна друга придонесла кон создавање на македонското национално ткиво и кохезија.

Како најзнаменит македонски револуционер, војвода, преродбеник, поет, учебникар, лексикограф, граматичар, фолклорист, историчар, меѓнички идеолог на македонското национално будење, Македонецот кој прв ја дефинираше македонската нација, порано и од народите кои создадоа свои независни држави. Пулевски е роден во почетокот на 19 век во преродбенскиот Галичник, околу 1821 година, и тој е најизразитиот, најплодниот и несомнено најголемиот македонист, кој освен пушката, го зграбил и перото согледувајќи дека македонскиот јазик е основниот темелен фактор за афирмација на Македонија и на македонскиот народ, како посебен народ во големото семејство на балканските народи. Воден од таа идеја и размисла, нанижа ненадминати капитални делакако првите македонски речници: Речник од четири јазика, Речник од три јазика, стихозбирките „Македонска песнарка“ и „Самовила македонска“, првата македонска граматика „Слогница речовска“, првата македонска општа историја од 1668 ракописни страници.

Непубликувани и скриени неговите ракописни текстови остануваат: Родословница, Народна песнословница, Буквар, Обичаи и песни и многу други.  Учествувал во сите востанија и буни за ослободување на поробените народи под турското ропство, во Руско-турската војна и во Кресненското востание како началник на штаб, секогаш имајќи го предвид ослободувањето на Македонија, но и фактот дека не треба залудно да гинат македонските синови, зашто треба да се чуваат за конечното самостојно ослободување на Македонија без соседските интриги и подметнувања. Фактот што потекнува од Мијачијата е сам по себе доволен основ неговото име да го носи токму основно училиште во таа област!

Се плашиме дека пошироката јавност по овој чин може да стекне впечаток дека населението во општината не се идентификува со ликот и делото на Ѓорѓија Пулевски, во што не сакаме да веруваме.

Од друга страна, Хајан Селмани е еден од најзначајните современи македонски претприемачи, родум од Велебрдо, кој, за жал, прерано нè напушти, а имаше уште многу да каже. Создал и развил компанија за изработка и инженерство на програмска опрема и иновативни софтверски решенија пласирани на пазари низ целиот свет.

Селмани бил и познат филантроп и мотивациски говорник со бројни предавања одржани на теми поврзани со претприемништво, технологија, водство и мотивација. Добитник е на титулата Microsoft MVP (Most Valuable Professional) – почесна титула којашто Microsoft ја доделува на технолошки лидери и експерти низ цел свет со цел да им заблагодари и да покаже почит и внимание кон нив за достигнувањата и залагањата коишто ги прават во заедницата, пред сè со фокус на технологијата за која што се наградени со оваа титула.

Со неговото дело и неговиот успех се идентификува посебно помладата популација кај која со своите мудри изреки разбуди надеж.

Несомнено е дека Селмани заслужува неговото име и дело да бидат запаметени, и со него како со еден прекрасен пример од новата македонска историја да се идентификуваме сите.

Со оглед на сето ова, не би смееле да дозволиме, сите ние заедно, имињата на овие две личности да се спомнуваат во ниту еден друг контекст освен како точки на обединување и идентификација. Едниот како еден од најзаслужните за создавањето на колективниот идентитет, другиот како враќање на фокусот кон она што сме, што нè дефинира, во услови кога сме изложени на толку многу прашања и влијанија кои на моменти нè збунуваат. Додека соседите се обидуваат на секој можен начин да влијаат на нашето колебање, и по којзнае кој пат во историјата ги подбуцнуваат романтичните аспирации на своите нации кон нас (знаете, неодамна Мијаците беа прогласени за старо српско племе на српската национална телевизија!), најмалку што е потребно во нашиот “двор” е неединство, оддалечување од точките на обединување и идентификација, а со тоа и слабеење на колективниот дух.

По долго размислување, одлучивме дека за доброто на сите треба да реагираме и да се обидеме:

  • Да го задржиме името на Ѓорѓија Пулевски на училиштето во Ростуше;
  • Да иницираме името на Хајан Селмани да се стави на друга општинска институција. На пример, во селото Жировница има гимназија која го носи името Јосип Броз Тито, а во Ростуше има спортска сала која се вика Партизан. Промената на некое од овие имиња не задира толку длабоко во корените на националниот идентитет, или пак
  • Да иницираме името на Хајан Селмани да се овековечи ставајќи го на институција на централно ниво од областа на информатичката технологија или претприемништво / да се воведе државна награда со неговото име која ќе се доделува секоја година за посебни заслуги во областа на информатичката технологија или претприемништвото / да се основа фондација со неговото име.

За крај, би сакале да издвоиме неколку цитати од двајцата умни луѓе од кои е очигледно дека суштината не им се разликува, единствено ерата во која делувале и во која ни го оставиле најдоброто во наследство.

Да не дозволиме да се фрли дамка!

  1. „…Народ се велит луѓе кои се од еден род и кои зборуваат еднаков збор и кои живеат и се другарат еден со други и кои имаат еднакви обичаи, песни и веселби, тие луѓето ги викает народ, а местото во кое живее народот се велит татковина на тој народ. Така и македонциве се народ и местото нивно е Македонија…“ (Од „Тријазичникот“ на Пулевски)
  2. „Јас сум онолку вреден и значаен, колку што правам и можам да направам нешто вредно, позитивно, значајно, добро и корисно за другите луѓе околу мене, за светот.”, Хајан Селмани

За Мијаците се вели: Мијаците се трудољубиви, образовани и снаодливи. Не се тврдоглави ни вообразени, не се авантуристи и знојет за мера во сешчоје. Кротки се и питоми, не се кавгажији и осорни, со глава зизд не разбивајет, токо на секоја тешкотија је сакајет мирен и споразумен пот. Од книгата „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ – Лоноски, Скопје 2004. Уверени сме дека овие каратеристики ќе ни помогнат и овој пат како секогаш.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Рецензија за најголемата политичка лага „ЗА ЖИВОТ“ - Измамата за пензиите
Следна објава Александар Николоски од Лајпциг: ВМРО-ДПМНЕ има силна меѓународна поддршка
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 533
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 511
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 518
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1164
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 495
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 563
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 302
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 383
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 528
Жена на денот
Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

1170
Маж на денот
Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

2843
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202120
Христијан Мицкоски со честитка по повод верскиот празник Рамазан Бајрам
Македонија

Христијан Мицкоски со честитка по повод верскиот празник Рамазан Бајрам

Јун 4th, 201919
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.