Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска на социјалните мрежи објави фотографии со кои се “пофали” дека Македонското знаме било аплицирано на авионите на носачот Хари С. Труман кој го посетија со нејзиниот шеф Зоран Заев.
Но вистината е сосема поинаква што говори за фактот дека знамето на сојузната држава Аризона кое наликува во еден свој дел на Македонското знаме, е она кое што било аплицирано на авионите на носачот за авиони.
А Радмила Шеќеринска не прави разлика помеѓу двете знамиња па во обид за ширење на пропаганда преви “грешка во чекори”.
“Вчерашниот ден на носачот на авиони “Хари Труман” низ фотографии. На авионот зад нас од ескадрилата на САД е аплицирано и нашето знаме. Членството во #НАТО на дело. “
-напиша таа на фејсбук во врска со овој настан.


