Вулканот на Белиот остров еруптираше во понеделникот за време на посета на група туристи. Претходно сеизмолозите и вулканолозите забележале зголемена активност на вулканот, поради што нивото на опасност било подигнато, што било игнорирано од страна на туристичките агенции и предизвика голема трагедија.
Денес уште две лица починале како последица на тешките изгореници здобиени во ерупцијата на вулканот на новозеландскиот Бел остров, соопшти тамошната полиција. Со тоа бројот на жртви се искачи на осум, а деветмина се водат за исчезнати.
Според полицијата, седум од исчезнатите лица се туристи од Австралија, а двајца се водичи од Нов Зеланд.


