Денес во македонскиот културно информативен центар во Софија во 18 часот ќе биде отворена манифестацијата „Денови на македонската литература за деца 2019“. Настанот е инициран од издавачката куќа ЕДУКА МАК од Скопје и е поддржан од македонското Министерство за култура.
На овој настан ќе биде претставена литературата за деца и изданијата отпечатени во последните 3 години. Преку „Деновите на македонската литература за деца“ ќе се претстави домашното литературно творештво и македонската култура.
Издавачката куќа ЕДУКА МАК е специјализирана за издавање на литература за деца во која спаѓаат сликовници, книги со поезија и раскази, едукативни прирачници за деца и списание за деца.



