• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Марш за нашите животи! СТОП за 3500 жртви од загадениот воздух!

декември 12th, 2019 Македонија, Политика коментари 671

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Марш за нашите животи! СТОП за 3500 жртви од загадениот воздух!

Во организација на т.н. Зелен фронт кој е составен од голем број на организации (формални и неформални) кои што се активни во граѓанскиот сектор, во петок на 20-ти Декември во Скопје ќе се одржи т.н. Марш за нашите животи.

Обединети под слоганот “СТОП за 3500 жртви од загадениот воздух!” граѓаните уште еднаш ќе ги реафирмираат барањата од минатиот масовен протест во Скопје кога исто така голем број на активисти излегоа на протест во врска со проблемите со животната средина.

Во продолжение ја пренесуваме целата порака упатена на социјалните мрежи во врска со овој најавен протестен марш во Скопје:

“Во исчекувања на првиот рок за исполнување од нашите над 100 барања – 31.12.2019, #ЗеленФронт на здружени над 35 граѓански движења, иницијативи, организира втор протестен марш, во петок, 20-ти декември. Времето и маршутата остануваат исти од претходниот марш.

17:00 пред Министерството за животна средина, крајна цел: пред Влада. Остануваме на улиците за да ги потсетиме на нашите барања, затоа што ова е прашање на живот или смрт, кое не смее да чека повеќе ниту момент!

Се бориме за живот од ден за ден. Умираме во илајдници годишно од загаден воздух. Мутираме, пренесуваме на поколенијата болести поради сеопфатната загаденост во која живееме, во која се раѓаат нашите деца. Белите дробови ни се зацрнети, иако не сме сите пушачи. Живееме во време на еколошка катастрофа.

Се бориме за својот живот низ цела држава, против каменоломите над нашите глави чија прашина нè гуши, постојаните експлозии ни ги ронат домовите, против рудниците чии вековни отрови ќе останат да стојат над нашите земјоделски полиња, домови, против малите хидроцентрали кои ни ги земаат нашите реки кои пресушуваат за нас, против уништувањето на единственото светско природно и културно наследство кое го имаме, едно од 39те во цел свет, против изумирање на езерата, против уништување на шумите, против депониите на секој чекор, против отровните чадови кои постојано се шират од нив, против канцерогениот дим од запалените кабли и гуми, против игнорирањето на Ромите кои живеат во пост-апокалиптични услови во нашето непосредно соседство, против зградите кои никнуваат околу нас и ни го одземаат хуманиот живот, … се бориме секој ден со сите еколошки катастрофи кои ни се случуваат во земјава.

Ние се бориме за живот, а имаме само декларации за заложби. Бараме да се исполнат основните предуслови за да се покаже дека навистина нашите животи значат, дека илјадници прерано починати и заболени се причина нашите животи да станат приоритет на оваа држава.
Нашите над 100 барања се тие предуслови со кои власта ќе покаже дека навистина СМЕ приоритет, НИЕ, НАШИОТ ЖИВОТ и ЗДРАВЈЕ.

Ова е Марш за нашите животи низ цела земја, Скопје, Битола, Тетово, Велес, Гостивар, Струмица, Ново Село, Иловица, Штука, Струга, Охрид, Возарци, Кавадарци, Чифлик, Демир Капија, Жировница, Лабуништа, Шлегово, Пробиштип….

Нема компромис со барањето за чист воздух!
Нема изговори за непреземањето на мерки!
Нема пауза во борбата за здрава животна средина!

Ова е Марш за ЖИВОТ! “

-стои во објавата на социјалните мрежи во врска со овој настан.

Организатори на протестот се следните организации:

Fridays For Future Skopje, O2 Иницијатива, Не Биди Ѓубре, Скопје Смог Аларм, Билка, Мој Воздух, Битола сака чист воздух, Спас за Водно, Eco Guerilla, Здрава Котлина, Еко Долина, Охрид SOS, жители на Жировница, Скопје бара чист воздух, Е.Д.Е.Н., Грин Пауер, Levizja Nena dhe Femija/ Движење Мајкa и Дете, Младите на Штука-Иловица против рудникот, Ние сме Карпош 4, ЕкоКарпош 3,2,1, Движење за чист воздух, Стоп на загадувањето, Плоштад Слобода, Го Сакам Водно, Поинаку, Група граѓани од Визбегово, Автокоманда сака да дише, Шепасти ентузијасти, Дејзи Фемили, Здравје пред профит во Центар, Shoqata ekologjike GvEko / Еколошко здружение ГвЕко / Ekoloji dernegi GvEko, AVAJA, Екоскоп, ЕД Тисовец, Struganët për Strugën/ Стружани за Струга, Еко Чифлик, Анима Мунди, Young Friends of the Earth Macedonia

#ЗеленФронт #ЗеленаРеволуција #МаршЗаЖивот #ЕкоРемет

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Економистот Заев ја оправи економијата, сега, ќе консултира правници за Законот за јазици
Следна објава Грета Танберг е најмладата личност на годината која се најде на насловната на Тајм магазинот
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 719
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 649
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 673
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1328
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 606
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 696
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 371
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 464
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 675
Жена на денот
Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

634
Маж на денот
Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

2966
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201926
Во мојот град веќе не врне...
Колумна

Во мојот град веќе не врне...

Јан 22nd, 202019
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Магазин

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

Окт 18th, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.