Борбата за Македонија продолжува секогаш со луѓе кои не прават отстапки кога се работи за #Јазикот, идентитетот и себеспознанието…
#Македонија поминала многу етапи во нејзиното постоење, како држава, па само Народ, пак држава ама секогаш си ги зачувала обележјата. За ова има еден куп писанија.
Денес, комшиите, понекои де, не враќаат во времето после #Илинден, во времето кога сме биле солидна гозба за добра и богата вечера и плен. Срам нема, оти тоа е вистината!
Ако Тие не се срамат што парчосувале и угнетувале Јас ли да се срамам да ја напишам #Вистината да се памети?
И додека #Некои живеат од страшната судба која се вика У…, други живеат за Македонија!
Да ја видат средена, со општествена подреденост каде квалитетот е над лажниот сјај и,, плавата” крв.
Во време кога #Македонизмот стана забранета тема и почеток кон крајот за секој кој сака да практикува политика искрено се чудам шо бараат некои мои пријатели кои ме убедуваа…
Светите букви не се пат кон орбитата туку пат кон духовниот растеж на Македонецот, знак за храброст а не кукавичлук, предзнак на воините и #Војводите, збор два и дума чиста за #Комитите а не за купени зборови и натеран да мислиш по удбаши систем… Тоа не е начинот на Македонецот!
Нашиот пат е со две раце гребење до #Слобода, со две нозе изодување на #Друмјето до чистото #Изгрејсонце, но Новата #Зора над Македонија!
Со почит!
Македонец од Македонија на македонски!
Пишува: Гоце Марков


