Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неговото синоќешно интервју на програмата на Македонската Телевизија појасни во јавност зошто Зоран Заев не може да биде човек кој што ќе ги спроведува неопходните реформи кои се потребни на граѓаните на Република Македонија.
Не може човек кој има криминална концесија од минатото, да биде реформатор. Можам јас да бидам, кој што немам, може да биде друг човек кој нема. Не може човек кој длабоко бил заплеткан во криминални скандали, дали тоа било Глобал или Пуч, поткуп, небитно, тој човек не може да биде реформатор. Тоа е невозможно. Реформатор може да биде човек кој што секогаш е од страната на законот. Јас се обврзувам, чувајте ја оваа емисија, доколку видите трета бледа копија на она Сваровски или ова Луи Витон судство, подготвен сум да дадам оставка и да кажам дека не успеав во мојата прва заложба да обезбедам правда, независност и на правосудството и на судството,
-изјави Христијан Мицкоски во неговото гостување на програмата на националниот сервис.
Притоа Мицкоски ја истакна историската улога за Македонија и важноста на реформите во правосудството:
Немам друг мотив, секој од нас треба да си го заслужи местото во историјата, тоа е мој мотив,
-рече Мицкоски.


