Во време на целосна партизација на институциите од страна на актуелната власт, со вработување на непродуктувни партиски кадри кои што пред крајот на својот мандат го прави Зоран Заев и СДСМ, незамисливо за оваа власт во една од најважните институции на чело да застане еден врвен професионалец како што е Драган Ковечки.
Поставеноста на актуелната власт на Зоран Заев според очекувањата на владеачката партија е ваквите партизирани институции да имаат поголемо влијание врз изборите кои што ќе се случат на 12 Април во прилог на нивната клиентелистичка политика и политика на закани и уцени врз огромниот број на администрација кои ги сметаат дека ќе гласаат за СДСМ на изборите.
Токму предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки да биде нов Министер за внатрешни работи е контра ваквите очекувања на СДСМ.
Причините за ваквиот факт се повеќе:
-Станува збор за висококредибилна и високопрофесионална личност кој што со својата работа и искуство може да даде нова додадена вредност на работата на МВР како непартиска институција која е задолжена да ги заштитува интересите на СИТЕ граѓани на Република Македонија;
-Високиот морален карактер на Драган Ковачки за кој што сведочат многу негови соработници и познаници, не може да биде ставен на линија на никакви уцени и закани од страна на моќни политички центри било од каде тие да доаѓаат;
-Знаењето и искуството, како и почитта и кредибилитетот кој што Драган Ковечки ги носи со себе помеѓу сите негови колеги кои се вистински професионалци ке внесе голема доза на компактност и ефикасност во работата на МВР во насока на спречување на било какви нерегуларности на претстојните избори што е врвна улога на оваа важна институција.
Драган Ковечки е по потекло од градот кој што го носи името на Гоце Делчев, на крајниот исток од Република Македонија, пораснат и образуван како секој делчевец од неговата генерација. Со многу перипетии и потешкотии. Но љубовта и посветеноста да служи на својот народ, во армијата на првата линија за одбрана биле посилни од се.
Неговата импресивна биографија на непоколеблив професионалец со знаење и искуство кое ги надминува границите на Република Македонија, е предизвик за оние кои имаат причина да се плашат од одговорност.
А одговорноста за сите противзаконски дејства против граѓаните на државата мора да има, во контекст на иднината на Македонија.
Ковачки доаѓа од АРМ и е со чин полковник, а претходно има поминато низ сите скалила. Учесник во повеќе мировни мисии на НАТО силите и е одликуван со ордени и заслуги за државата.
Има завршено повеќе високи школи и обуки во САД и Европа. Има завршено на Кралски колеџ за одбранбени студии во Велика Британија, Командно-штабна академија во Хрватска и Воена Академија во Македонија.
Има успешно завршено обуки во Велика Британија за стратегиско лидерство и контраразузнавање, во САД за стратегиско разузнавање и анализа, како и обуки за борба против тероризмот. Бил дел и од обуките на НАТО алијансата па има успешно завршено обуки за команданти на НАТО, НАТО обука во Германија, НАТО обука за офицери во Шведска, и повеќе други во Турција, Бугарија и други земји.
Има поминато низ повеќе скалила во АРМ, како што се специјалните сили и другите сектори. Бил командант на 1. механизирана пешадиска бригада, началник на секција за операции и борбена готовност во 1. механизирна пешадиска бригада, раководител на Сектор-Служба за воена безбедност и разузнавање во МО, началник на одделение за контраразузнавање во воената служба за безбедност и разузнавање, офицер за разузнавање и вршител на должност началник на секција за безбедност и разузнавање во полкот за специјални операции, офицер за специјални операции и за разузнавање во мисија Слобода за Ирак-1, Командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции.
Одликуван е со признанија за својата работа како што се: Плакета на АРМ за учество во мисија „Слобода за Ирак-1“ , Пофалница за остварени резултати во процесот на борбена обука и воспитување, медал на командно-штабната школа во Хрватска. Родител е на две деца и живее во Скопје.
Неговите колеги го оценуваат како бескомпромисен професионалец, лице со авторитет, почитуван во фелата.
Во изминатите неколку денови колегите на Ковачки од Елитната единица- Волците, здруженијата на бранителите од 2001 година, Здружението за заштита на правата на вработените во МВР „Сигурност“ , поголем број на политички аналитичари и општествени дејци ја искажаа својата јавна поддршка за ваквото решени за нов технички министер во МВР.
Единствени кои што се спротивставуваат на ваквото решение се претставници и активисти на СДСМ кои што најдиректно ќе бидат засегнати од работата на новиот Министер за внатрешни работи, каде треба да застане Драган Ковечки.
Дел од аргументите кои што ги лиферуваат во јавност ваквите мегафони на СДСМ се дека не било уставно ваквото решение, не замејки ги во предвид фактите дека токму СДСМ и неговите високи функционери правеле уставни преседани и прекршувања на Уставот во изминатиот период.
Еден од ваквите преседани кои ги има направено е и Радмила Шеќеринска која го има назначено Беким Максути за Заменик-министер за одбрана на Република Македонија иако претходно бил вработен во истото министерство како професионалец.



