• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Магазин
Славни и Богати

Силвио Берлускони и неговите духовити изјави и гафови

јануари 3rd, 2020 Магазин, Славни и Богати коментари 719

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Силвио Берлускони и неговите духовити изјави и гафови

Силвио Берлускони е италијански медиумски тајкун и политичар кој беше  Премиер на Италија четири влади. Тој служи и како пратеник во Европскиот парламент (европратеник) од јули 2019 година.

Берлускони е контролорен акционер на Медијасет и беше сопственик на италијанскиот фудбалски клуб Милан од 1986 до 2017 година. Во 2018 година, списанието „Форбс“ го рангираше како 190-ти најбогат човек во светот со нето вредност од 8,0 милијарди американски долари. Во 2009 година, Форбс го рангираше на 12-то место на списокот на најмоќните луѓе во светот заради неговата доминација на италијанската политика, во текот на повеќе од дваесет години на чело на централно-десничарската коалиција.

Берлускони беше првата личност што ја презеде претседателската функција без претходно да има канцеларија на претходната влада или администрацијата. Тој е познат по својот популистички и политички стил на изразување , и е незгодна личност. Берлускони сè уште останува контроверзна фигура која го дели јавното мислење и политичките аналитичари. Поддржувачите ги истакнуваат неговите лидерски вештини и харизматичната моќ, неговата фискална политика заснована на намалување на даноците и неговата способност да одржува силни и блиски надворешни односи со Соединетите Американски  Држави и Русија.

Силвио Берлускони покрај неговите 17 години на власт, никој нема да го памети толку по неговите политички потези, туку по гафовите. Тој нив ги објаснува како хумор и иронија, иако многумина во нив препознаваат непочитување кон жените и конкуренцијата. Еве дел од неговата чудна смисла за хумор, која од него создаде слика за необичен политичар.

  • Во февруари, 2002 година за време на групното сликање на самитот на ЕУ кој се одржал во Шпанија, Берлускони кренал два прста зад главата на шпанскиот шеф на дипломатијата, Жозеф Пике.

„Најостроумните сигурно можат да најдат и втора работа, можеби некоја неофицијална“ – им рекол Берулскони на отпуштените работници од фабриката на Фиат, поттикнувајќи ги да бараат работа на црно во декември, 2002 година.

„Сите жители се еднакви, но можеби еден од нив е малку поеднаков од другите, со оглед на фактот што 50% од Италијанците му ја доделиле одговорноста да ја води државата“ – рекол тој, мислејќи на себе за време на неговото судење за корупција во Милано, во јуни, 2003 година.

„Господине Шулц, знам дека во Италија има еден човек кој снима филм за нацистичките концентрациони логори. Би сакал да ве препорачам за улогата на капо. Би биле совршени.“ – Ова го изјавил Силвио за време на една дебата на Европскиот парламент во јули, 2003 година, откако претходно се замерил со германскиот пратеник, Мартин Шулц. Капо е затвореник во концентрационен логор кој ги има привилегиите да врши надзор над другите. Овие привилегии му ги давале вистинските стражари на затворот и најчесто тој бил безмилосен кон останатите затвореници.

  • Во септември 2004 година за британскиот магазин „Spectator“ тој изјавил:

„Мусолини никогаш не убил никого. Тој ги праќал луѓето на одмор.“

Подоцна се пожалил дека никој не ја разбрал неговата шега.

  • Во 2005 година, во Парма се одржала конференција за безбедност на храната, којашто било предвидено да се одржи во Финска. Берлускони објаснил како дошло до разубедување на претседателката на Финска, за конференцијата да биде во Италија:

„Морав да ја разубедам претседателката на Финска. Кога имате некаква цел, потребно е да ги употребите сите оружја кои ви стојат на располагање, па затоа јас ги искористив моите плејбој-способности, иако одамна ги немав употребено.“

  • Верувале или не, пред изборите во јануари, 2006 година, поранешниот премиер на Италија бил пофален од свештено лице поради неговата заложба во одбраната на семејните вредности, на што тој во свој стил изјавил:

„Ви благодарам, оче Масимилијано. Нема да ве изневерам и ви ветувам дека ќе апстинирам од секс во следните два и пол месеци до изборите на 9 април.“

  • На едно телевизиско ток шоу во февруари, 2006 година тој кажал:

„Само Наполеон направил повеќе од мене. Но, дефинитивно јас сум повисок од него.“

„Јас сум Исус Христос во политиката. Јас сум истрајна жртва, се жртвувам за секого“ – вака тој го објаснил неговиот лик и дело во говор пред сопартијците во февруари, 2006 година.

  • При гостување на едно ТВ шоу каде што се разговарало за иднината на младите во Италија, една студентка, жалејќи се за целокупната ситуација во земјата, го прашала што треба да направи за да просперира во Италија. Тој одговорил:

„Пробај кај син му на Берлускони. Со таква насмевка имаш одлични шанси“.

  • Во ноември 2008 година, откако Обама беше изгласан за прв црн претседател во историјата на САД, Берлускони го опишал како згоден, млад и исончан. Наредната година на самитот на Г-20, тој повторно се пошегува на сметка на Обама:

„Како се викаше, оној исончан тип… А, Барак Обама! Нема да верувате, но се сонча заедно со жена му, и таа е исончана.“

  • При една посета на Њујоршката берза, италијанскиот премиер се обидел да ги убеди инвеститорите да дојдат во неговата земја употребувајќи еден неконвенционален аргумент:

„Италија е одлична земја за инвестирање. Денеска речи си и да нема комунисти, а друга добра причина да дојдете се прекрасните секретарки.“

„Имам малку коса затоа што мојот мозок е голем и ја турка косата надвор“ – неговото објаснување за опаѓањето на косата.

  • Во 2009 година градот Л’Аквила го погоди силен земјотрес, кој остави многу луѓе без дом. На новинарско прашање во врска со условите во кои живеат погодените, Берлускони изјавил:

„Се разбира дека овие живеалишта се привремени. Тие треба да се чувствуваат како да се на кампување за викенд.“

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Фатени на живо: Фабриката за лажни вести на СДСМ шират лаги за Ники Чулев
Следна објава Денес, парите наместо во белиот дворец завршуваат кај граѓаните, соопштуваат од СДСМ
Може да Ве интересира:
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Забава

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

октомври 18th, 2022 795
Револт со нов видео спот за песната "Европа"
Забава

Револт со нов видео спот за песната "Европа"

септември 17th, 2022 633
Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...
Забава

Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...

септември 1st, 2022 716
Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022
Забава

Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022

август 29th, 2022 777
Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите
Магазин

Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите

август 9th, 2022 782
Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип
Забава

Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип

јули 31st, 2022 736
Ова ли е тоа "бекап на податоци"?
Магазин

Ова ли е тоа "бекап на податоци"?

јули 31st, 2022 748
Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година
Забава

Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година

јули 19th, 2022 679
Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор
Забава

Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор

јули 19th, 2022 764
Жена на денот
Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

1394
Маж на денот
Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

1737
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1496
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201918
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Комплексот на страв на претседателот од сопствениот народ
Матна Брегалница

Комплексот на страв на претседателот од сопствениот народ

Јул 6th, 202217
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.