Сликата на нападот врз американската воена база во Ирак што ја објави иранската новинска агенција Фарс, всушност е слика што им ја дадоа на новинските агенции во 2017 година кога Иран ги погоди целите на ИСИЛ во Сирија. Позади ваквото милитаристичко сценарио стои Хилари Клинтон, Бајден, Макрон, Меркел целата ДИП СТЕЈТ контролирана од милитаристичкиот комплекс на САД за производство и дистрибуција на оружје, се со цел за да направи нова војна од големи размери во остварување на нивните профитерски цели.
Политиките на Доналд Трамп уште од периодот на неговата кампања во таборот на Републиканската партија беше намалување на воените активности и концентрацијата на американски воен персонал и опрема на сите позиции кои ги затекна откако стапи на власт со претседателската заклетва. И ваквата политика тој доследно ја спроведуваше во изминатиот период.
Ескалацијата на војната со Иран нема да донесе никому добро освен на воениот естаблишмент во Пентагон, чиешто постоење се базира на Трумановата доктрина на постојана војна на државата со надворешни сили.


