Во штипско Ново Село се чини живее сржта на Македонскиот непокор. И тоа не помеѓу политичари, не помеѓу функционери, туку помеѓу Македонскиот народ.. Роса Гапева од ова село во кое што својата дејност ја имале најголемите Македонски револуционерни дејци Гоце Делчев и Дамјан Груев, е типичен пример на овој непокор и таа слободарска нишка која што ден денешен е пример за останатиот Македонски народ насекаде низ светот.
Роса Гапева за вчерашниот празник Богојавление- Водици ја замеси најубавата погача која што може да се замеси. На погачата е прикажано сонцето со шеснаесет краци од Кутлеш и е испишано “Никогаш Северна, само Македонија”.

Токму поради народот, поради храбрите жени-домаќинки кои се со својата љубов и пожртвуваност се типичен претставник на Македонскиот народ, идејата за слобода на Македонија никогаш нема да згасне.
Длабок поклон до земја!


