На денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ја прозва судијката Добрила Кацарска за противзаконско влијание во истрагите на Специјалното Јавно обвинителство.
Од ВМРО-ДПМНЕ ги анализираат информациите поврзани со судскиот процес за предметот “Рекет” во кој што еден од сведоците сведочеше денеска дека ” дека Добрила Кацарска постојано била присутна додека се одлучувало околу барањето за притвор на еден од осомничените во предметот Империја и се интересирала за текот на постапката “.
Паралелно со ваквите информации Димче Арсовски ја потсети Македонската јавност на изјавата на Добрила Кацарска во тогашната 1 ТВ на сега обвинетиот Бојан Јовановски (Боки 13) со која таа ја манипулира и лажа Македонската јавност.
Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ во врска со овој случај:
“Кацарска судството денеска е целосно разобличено. Симнати се маските од Луј Витон правдата и тоа не од сведок со сомнителна биографија туку од обвинител кој постапува по активни предмети.
Според тврдењето на сведокот Лиле Стефанова, обвинител во предметот Империја, судијата Добрила Кацарска директно се јавувала кај сега веќе обвинетата Катица Јанева за да влијае врз истрагите. Обвинителката Стефанова под полна морална и правна одговорност, денеска сведочеше дека Добрила Кацарска постојано била присутна додека се одлучувало околу барањето за притвор на еден од осомничените во предметот Империја и се интересирала за текот на постапката. Ова е класична злоупотреба на овластувањата и мандатот кој што го има еден судија, односно Добрила Кацарска. Почитувани, еве што изјавуваше во јавност Добрила Кацарска во врска со предметот Империја уште во март минатата година. Внимавајте ова е изјава на Добрила Кацарска во телевизијата чии што сопственик е директно вмешан во случајот Рекет. Значи, не само што ги злоупотребувала овластувањата и мандатот кој што го има, според ова што можевме да го видиме и слушнеме, уште во март 2019-тата година Добрила Кацарска свесно лажела и ја манипулирала јавноста. Согласно Законот за судски совет, членот 36, советот е надлежен да ја следи и оценува работата на судиите и да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството. Сведочењето на Лиле Стефанова е аргумент кој судскиот совет не смее да го изигнорира. Советот мора веднаш да отпочне постапка за разрешување на Добрила Кацарска и да се повика на овластувањата кои ги има во истиот член 36, да одлучува и за времено оддалечување на судија од вршење на судиска функција.
ВМРО ДПМНЕ го повикува Јавниот обвинител да не премолчува, да не замижува и да се прави слеп пред сите овие случаеви и пред очигледните злоупотреби и да отвори и кривична постапка против судијата Добрила Кацарска за злоупотребите на службената положба и овластувањата кои што ги има како судија.”


